МВР и РСБСП со превентивна акција во Градскиот парк

МВР и РСБСП одржаа превентивно-едукативна акција кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Под мотото „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“, беше испратена порака за поголема внимателност и одговорност во сообраќајот.

0
МВР и РСБСП со превентивна акција во Градскиот парк (Опсервер)
Фото: Опсервер

Активноста ја спроведоа полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при МВР и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП. На граѓаните им беа поделени едукативни летоци со превентивни пораки и апели за почитување на сообраќајните правила, како и за грижа за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Во рамки на акцијата беше упатен потсетник дека од 15 ноември стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Од МВР и РСБСП апелираат возачите да ја приспособат брзината и начинот на возење на временските услови и состојбата на патиштата.