Макрон: Ограничувањето на помошта за Украина е рецепт за нова војна

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ограничувањето на помошта за Украина би значело нејзино принудување на неправеден мир и би било рецепт за нова војна.

0
Макрон: Ограничувањето на помошта за Украина е рецепт за нова војна (Опсервер)
Фото: Опсервер

Макрон ја објави пораката на социјалните мрежи додека САД посредуваат во преговорите меѓу Украина и Русија за завршување на војната, започната со руската инвазија во февруари 2022 година.

„Оние што сакаат да ја ограничат помошта за Украина, всушност сакаат да ја принудат на неправеден мир, а со тоа индиректно и цела Европа. Тоа е духот на поразот. Тоа е рецепт за нова војна. Тоа не може да биде став на Франција“, нагласи Макрон.

Реклама

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Вашингтон му предложил на Киев да ѝ отстапи дел од својата територија на Москва во замена за членство на Украина во НАТО. Американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во четвртокот одделно се сретнале со рускиот претседател Владимир Путин и со Зеленски, по дводневните разговори во Абу Даби, кои не донеле значителен напредок.

Според договорот постигнат во петокот во Даблин, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Полска треба да испратат свои претставници на идните преговори за завршување на војната.

Макрон порача дека Европа мора целосно да учествува во напорите за праведен и траен мир. „Она што се случува во Украина директно нè засега. Помагањето на Украина да се одбрани значи заштита на Франција и Французите“, рече тој.

Францускиот претседател оцени дека Путин не сака да преговара и дека се обидува да ја скрши Украина со интензивирање на нападите со дронови и ракети врз цивили и енергетската инфраструктура пред зимата. Тој порача дека треба да продолжат финансиската поддршка и помошта за заштита на населението, електраните и енергетската мрежа на Украина.