Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора прва во регионот

Македонија во 2024 година имала стапка на убиства од 1,10 на 100.000 жители, што е намалување во однос на 2014 година, покажуваат податоците на Евростат.

14
Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора прва во регионот (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора со 1,92 на 100.000 жители, додека во Бугарија стапката е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78.

Во Европската Унија највисока стапка е регистрирана во Литванија, со 2,63 убиства на 100.000 жители. По неа следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82.

Реклама

Најниска стапка во ЕУ има Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на показателот, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.