Јаревски: Алта банка е ликвидна и има интерес за нејзино купување

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на 11 ноември изјави дека Алта банка не е во стечај, туку е под мерка на администрација, и дека е ликвидна. Тој рече дека постои интерес за купување на банката.

0
Јаревски: Алта банка е ликвидна и има интерес за нејзино купување (Опсервер)
Фото: Опсервер

Тој рече дека на расправата биле одговорени сите поставени прашања и дека присутните не оставиле простор за нејаснотии. Јаревски тврдеше дека штедните влогови и интересите на доверителите се заштитени и дека нема опасност од стечај.

„И во овој случај ниту имаме стечај, ниту имаме пропаѓање, ниту имаме неисплатени побарувања, ниту неисплатени штедни влогови итн., туку имаме мерка на администрација“, рече Јаревски на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Тој упати прашање до вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, за законската основа за ограничувањата при располагањето со средствата на граѓаните и компаниите, како и за можни олеснувања за правните лица. Во гостување на Телма, Јаревски рече дека има интерес за купување на Алта банка и очекува таа да биде продадена.