Без вода делови од Гази Баба и Карпош поради работи на водоводната мрежа

Делови од општините Гази Баба и Карпош во Скопје ќе останат без вода на 12 ноември, од 08:30 часот до завршување на работите.

1
Без вода делови од Гази Баба и Карпош поради работи на водоводната мрежа (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Во Гази Баба прекинот ќе ги опфати корисниците на улицата Вамбел и дел од улиците Јани Лукровски и Лазар Поп Трајков. Причина е монтажа на нов затворач Ф100 мм на улицата Вамбел бр. 7.

Во Карпош, дел од корисниците на улиците Никола Парапунов и Разловечко Востание ќе останат без вода поради замена на затворач Ф80 мм на нивната раскрсница. Во двата случаи прекинот почнува во 08:30 часот и ќе трае до завршувањето на работните активности.