
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека војната со Иран е „практично завршена“ во воен поглед и рече дека постои добра можност за договор за прекин на конфликтот.
На прес-конференција во Белата куќа Трамп рече дека САД имаат сојузници во регионот што мора да ги заштитат. На прашањето зошто не прогласува победа и не ги повлекува американските сили, тој одговори дека сака долгорочно, а не краткорочно решение.
Трамп повтори дека Иран нема да има нуклеарно оружје и дека војната брзо се ближи кон крајот. Тој ја отфрли забелешката на новинар дека со месеци наназад предвидувал скорешен крај на конфликтот.







