Ердоган: Турција не сака нов бран американски напади врз Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција не сака нов бран американски напади врз Иран и повика на дијалог и дипломатија.

2
Ердоган: Турција не сака нов бран американски напади врз Иран (Опсервер)
Фото: Опсервер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција не сака нов бран американски напади врз Иран, оценувајќи дека постојните несогласувања треба да се решаваат преку дијалог и дипломатски канали.

Тој рече дека ставот му го пренел на Трамп во неодамнешен телефонски разговор. Ердоган им се обратил на новинарите при враќањето од посетата на Азербејџан, повикувајќи се на соопштение од неговиот кабинет.

„Во секоја прилика, нагласуваме дека е можно да се решат овие прашања преку дијалог и дипломатија. За жал, повторно сме сведоци на негативен развој на настаните. Правиме сè што е во наша моќ да го спречиме тоа“, рече Ердоган.