Трамп: Војната со Иран е практично завршена воено, но има можност за договор

Доналд Трамп оцени дека војната со Иран е практично завршена воено, но рече дека САД бараат долгорочно решение и дека постои можност за договор.

10
Врховниот суд на САД го одби барањето на администрацијата на Трамп за гласовите во Калифорнија (Опсервер)
Фото: Опсервер

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека војната со Иран е „практично завршена“ во воен поглед и рече дека постои добра можност за договор за прекин на конфликтот.

На прес-конференција во Белата куќа Трамп рече дека САД имаат сојузници во регионот што мора да ги заштитат. На прашањето зошто не прогласува победа и не ги повлекува американските сили, тој одговори дека сака долгорочно, а не краткорочно решение.

Трамп повтори дека Иран нема да има нуклеарно оружје и дека војната брзо се ближи кон крајот. Тој ја отфрли забелешката на новинар дека со месеци наназад предвидувал скорешен крај на конфликтот.