
Доналд Трамп им честиташе на Демократите за победата откако Републиканците го загубија мнозинството во двата дома на Конгресот на САД на изборите во средината на мандатот.
Во изјавата за „Фокс њуз“, тој рече дека Демократите работеле напорно и долго време, како и дека ја чекале победата 11 години.
Трамп додаде дека резултатот не го смета за личен удар, оценувајќи дека неговите први две години од претседателствувањето биле најдобри во историјата во однос на економијата и другите постигнувања.



