ЈПКС минатата недела отстрани 890 кубни метри отпад од диви депонии

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 890 кубни метри отпад од диви депонии и површини во Скопје, а најмногу во општина Центар.

0
ЈПКС минатата недела отстрани 890 кубни метри отпад од диви депонии (Опсервер)
Фото: Опсервер

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини во текот на изминатата недела. Најголемо количество, 220 кубни метри, е расчистено во општина Центар.

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество, 220 кубни метри, е расчистено во општина Центар.

Реклама

Екипите на претпријатието подигнале и транспортирале 3.600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти во Скопје. Еко-патролата изготвила 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од кои 12 биле врачени во општина Чаир.

Претпријатието одржало и еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода. Со активностите биле опфатени 90 ученици од шестите одделенија, кои биле запознаени со правилното одлагање на комуналниот отпад и придобивките од неговата примарна селекција.