Гади Ајзенкот доби мандат за состав на нова влада на Израел

Гади Ајзенкот доби мандат за составување нова израелска влада, откако обезбеди поддршка од 67 пратеници.

0
Гади Ајзенкот доби мандат за состав на нова влада на Израел (Проверено)
Фото: Проверено

Израелскиот претседател Исак Херцог му додели мандат на опозицискиот лидер Гади Ајзенкот за составување нова влада, а официјалното назначување ќе се одржи на 8 ноември во претседателската резиденција во Ерусалим.

Ајзенкот добил поддршка од 67 од вкупно 120 пратеници за време на консултациите кај Херцог, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху можел да смета на 46 пратеници. Неговиот мандат се смета за пораз за Нетанјаху, чија религиско-националистичка коалиција го загуби парламентарното мнозинство на изборите на 27 октомври, иако неговиот блок останува најголема групација во парламентот.

Реклама

Ајзенкот, лидер на партијата Јашар и поранешен началник на Генералштабот на армијата, има рок од 28 дена да обезбеди поддршка за нова коалиција. Претседателот може да му одобри дополнителни 14 дена доколку рокот не биде доволен.

Формирањето влада се очекува да биде сложено поради поделбите меѓу партиите и отсуството на јасно мнозинство. Арапските партии го номинирале Ајзенкот во консултациите со Херцог, иако неговиот блок претходно одбиваше соработка со нив, а Ајзенкот изјави дека не сака да коалицира со арапските партии.