Виктор Јанковски и следната сезона ќе го носи дресот на Вардар

Виктор Јанковски и следната сезона ќе го носи дресот на Вардар, а во клубот ќе остане најмалку до 2028 година.

0
Виктор Јанковски и следната сезона ќе го носи дресот на Вардар (Riste)
Фото: Riste

РК Вардар и Виктор Јанковски ја продолжуваат соработката, па полскиот репрезентативен пивот и следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес. Клубот соопшти дека Јанковски ќе остане најмалку до 2028 година.

Од РК Вардар соопштија дека активно работат на кроењето на тимот за уште посилен состав.

Реклама

Јанковски во Вардар е од минатата сезона, а клубот го опиша како една од најважните алки во составот.

„РК Вардар со задоволство објавува дека полскиот репрезентативен пивот и во наредната сезона ќе го носи нашиот црвено-црн дрес. Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во нашиот состав, а во Вардар ќе остане најмалку до 2028 година.

Реклама

Активно работиме на кроењето на тимот, за уште посилен Вардар“, соопштија од таборот на РК Вардар.