
РК Вардар и Виктор Јанковски ја продолжуваат соработката, па полскиот репрезентативен пивот и следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес. Клубот соопшти дека Јанковски ќе остане најмалку до 2028 година.
Од РК Вардар соопштија дека активно работат на кроењето на тимот за уште посилен состав.
Јанковски во Вардар е од минатата сезона, а клубот го опиша како една од најважните алки во составот.
„РК Вардар со задоволство објавува дека полскиот репрезентативен пивот и во наредната сезона ќе го носи нашиот црвено-црн дрес. Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во нашиот состав, а во Вардар ќе остане најмалку до 2028 година.
Активно работиме на кроењето на тимот, за уште посилен Вардар“, соопштија од таборот на РК Вардар.



