
Во галеријата Остен е поставена изложбата „Од планината до морето“ на португалскиот уметник Луис Филипе Салгадо Переира Родригез, со големи апстрактни цртежи инспирирани од природни пејзажи.
Поставката е поделена на два тематски сегмента. „Хоризонтот“ содржи панорамски пејзажи со линии што се преклопуваат и брануваат, а „Квадратот и длабинскиот фокус“ го истакнуваат густината и текстурата на цртежот.
Луис Филипе Салгадо Переира Родригез е португалски уметник, истражувач и доцент на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Лисабон. Има учествувано на 115 групни изложби и реализирано 17 самостојни изложби. Во 2015 година ја добил првата награда на натпреварот за пластични уметности „INATEL“.



