Општина Центар додели стипендии на 37 талентирани ученици

Општина Центар додели стипендии на 37 ученици, а финансиската поддршка годинава е зголемена за 50 проценти.

8
Општина Центар додели стипендии на 37 талентирани ученици (Опсервер)
Фото: Опсервер

Општина Центар додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските основни училишта, а финансиската поддршка годинава е зголемена за 50 проценти.

Десет ученици добиваат по 4.500 денари месечно, а останатите 27 по 4.000 денари месечно. Општината соопшти дека стипендиите годинава се зголемени за 50 проценти.

Реклама

Стипендираните ученици оствариле резултати во културата и освоиле награди и признанија на градски, државни и меѓународни натпревари.

Во рамки на одбележувањето на 50-годишнината на Општина Центар, биле наградени и шест ученици за ликовни и литературни творби на конкурсот „50 години Центар – срцето на градот, духот на генерациите“. За прво место биле доделени по 5.000 денари, за второ по 3.000, а за трето по 2.000 денари.