Естонија ги затвора граничните премини со Русија од 1 декември

Естонија ќе ги затвори сите гранични премини со Русија од 1 декември за најмалку шест месеци, поради безбедносни причини, соопшти владата на балтичката земја.

0
Естонија ги затвора граничните премини со Русија од 1 декември (МКД.МК)
Фото: МКД.МК

Во соопштението се наведува дека одлуката е одговор на континуираните непријателски активности на Русија против Естонија и други европски земји.

„Естонските компании од одбранбената индустрија беа цел двапати оваа година, а според естонската Служба за внатрешна безбедност, во двата случаи нападите беа нарачани од руските специјални служби“, се додава во соопштението.

Реклама

Естонија претходно објави дека ќе ги затвори сите премини по сомнителен напад со палење на естонска одбранбена компанија, за кој Талин ја обвини Москва. Москва редовно ги отфрла обвинувањата од европските власти за вмешаност во саботажа.

Естонија, членка на НАТО и на Европската Унија и цврст поддржувач на Украина, во моментов има пет гранични премини преку кои патниците можат да влезат или да излезат од Русија.