
На Маврови Анови биле измерени 7 степени, во Крушево и Лазарополе 8, во Крива Паланка 9, а во Берово 10 степени. Во Претор биле измерени 11 степени, во Охрид, Виница и Струмица 12, а во Прилеп, Штип и Гевгелија 13 степени.
Температура од 14 степени била измерена во Тетово, Велес, Кавадарци и Демир Капија, 15 во Битола, а 16 степени во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Лазарополе наврнале 24 литри на квадратен метар, на Попова Шапка 13, во Крушево 11, во Пожаране 9, а во Прилеп 8 литри. Во Охрид и Претор се измерени 7 литри, во Берово и Тополчани 6, во Виница 4, во Штип, Демир Капија и Струмица по 2, а во Тетово, Крива Паланка, Велес и Гевгелија по 1 литар на квадратен метар.
За 20 ноември е најавено променливо облачно време со повремен локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец, со брзина над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде од 18 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југозападен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 23 степени.







