Home Технологија Автомото Технологија со мимики и гестови ќе им помага на возачите

Технологија со мимики и гестови ќе им помага на возачите

0

Инженерите од компанијата Harman развија технологија, која му овозможува на возачот да вклучува различни системи и функции во автомобилот, со гестови и мимики, без да го одвлекува вниманието од патот. Овој проект може да биде подготвен за пуштање во сериско производство во наредните две до три години.

Новата технологија работи со помош на инфрацрвен сензор, кој се наоѓа во панелот за управање со системите на автомобилот и ги следи активностите на возачот. Податоците се пренесуваат на компјутер и тој ги претвора во соодветните команди. Меѓу нив се вклучени навигацијата или мултимедијалниот систем на автомобилот, односно нивното регулирање, а исто така и контрола врз климата или повикување на број од мобилен телефон.

Системот може да се подеси така што со намигнување на окото да се вклучува или исклучува радиото. Навалување на главата на една или друга страна значи соодветно зголемување или намалување на звукот. Со гест кој потсетува кревање на телефонска слушалка се активира мобилниот телефон, а да се најде соодветниот број е потребно возачот само да го каже името на претплатникот, кој е запишан во самиот уред.

Според креаторите на системот, тој може да ги препознава случајните гестови на возачот од намерните. Сега експертите од Harman работат на изедначување на гестовите и го земаат предвид различното однесување на луѓето зад управувачот во различни земји.

Во денешно време борбата против одвлекувањето на вниманието од патот станува приоритет за сите компании. Според податоците на Националната администрација за движење по патиштата во САД (NHTSA) годишно во земјата загинуваат над 4.000 лица, а над 400.000 се повредени поради тоа што возачот на еден или друг начин не внимавал на она што се случува на патот.

Објавено во соработка со Авто Плус.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here