Наместо да создаде илузија за изобилство, делото го претвора економското богатство во скриена пресметка: козметичкиот третман се толкува како количина вода, модниот додаток како медицинска помош, технолошкиот уред како деца на работа, а криптовалутата како енергија што е доволна за цело село. Изложбената поставка дополнително ја нагласува критичката перспектива. Црвената патека ги води посетителите низ ритуал на потрошувачка до огледало со конвексна форма и натпис „Добредојде на попусто!“, што го враќа погледот на гледачот кон самите себе, но во искривена форма. Токму овде посетителот е повикан да напише или нацрта свој слоган за попуст – чин кој го вклучува во динамиката на пазарната реторика што претходно ја наблюдувал од далечина. Насловот на проектот функционира како јазична игра, поврзувајќи различни значења: „попуст“ како термин од пазарната економија, „пусто“ како слика на опустошување и „исто“ како алузија на повторливоста на истиот економски механизам.
Кураторката на изложбата, д-р Ана Франговска, истакнува дека делото „не функционира само како критика на потрошувачката култура“, туку „создава ситуација во која јазикот на маркетингот се пренесува во средство за етичко и политичко преиспитување“. Изложбата има интерактивен сегмент, каде посетителите можат да остават свои цртежи и пораки, со што поставката станува простор за колективно создавање значења.
Марија Сотировска Богдановска (1983, Скопје) дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 2022 година е доцент на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики при Факултетот за ликовни уметности – Скопје, УКИМ. Реализирала бројни самостојни и групни изложби, како во земјата, така и во странство, вклучувајќи Берлин, Софија, Белград, Загреб, Подгорица, Прага, Москва и Пекинг. Таа е членка на женската уметничка група „МОМИ“.
Расте интересот за помирни патувања на глобалната туристичка сцена. Ако минатата година вакви искуства барале 22 отсто од туристите, годинава дури 26 проценти од нив се интересирале за мирен, наместо за динамичен одмор, говори Извештајот на Европската комисија за перспективите на туризмот. Брзото темпо на урбаниот живот се смета како главна причина што луѓето за својот одмор сѐ повеќе одбираат патувања со побавно темпо, а неколку села во Туркије се сметаат за одлични дестинации. Тие на туристите им нудат автентична култура, гастрономија од фарма до трпеза, традиционални занаети и богата архитектура.
Барбарос, кое Агенцијата на ОН за туризам го вброи меѓу „Најдобрите туристички села за 2025 година“, е сместено во Урла, Измир, и е старо 700 години. Таму времето тече побавно, а посетителите можат да престојуваат во зачувани камени куќи, да шетаат по уличките со калдрма или да купуваат во продавниците за ракотворби, како поддршка за локалните жени-занаетчии. Прочуена традиција во Барбарос е „Тропни на врата“, каде знак на влезната врата ги кани посетителите на домашен оброк, подготвен со локално маслиново масло, зеленчук од домашните градини и свежи билки. Меѓу омилените специјалитети е катмер, топло печиво полнето со домашно сирење, магдонос и кромид. Во пролет, мештаните собираат еден вид лаванда, која му дава мирисна нота и препознатливост на селото. За туристите кои сакаат локални обичаи, септемврискиот Фестивал на страшилата е искуство што не треба да се пропушти. Селото со својот рурален шарм е одлично за мирни вечери, а на само три километри се наоѓа Винската рута, со голем број ресторани препорачани од Водичот MICHELIN, кои нудат префинети специјалитети.
Во Анталија се лоцирани две фасцинантни бавни села признати од Агенцијата на ОН за туризам. Кале Учагиз е познато и како „Селото на замокот“, а освојува со спојот на мир, богата историја и авантура. Тесните улички опкружени со камени куќи водат до семејни ресторани, уметнички работилници, како и до средновековниот замок по кој селото го добило името. Околината е идеална за пловење, кајакарење и нуркање. Селото се смета и за порта кон прочуената Ликиска патека, една од најпознатите долги пешачки рути во светот. Во близина се наоѓаат и античкиот град Мира, како и Црквата на Свети Никола во Демре, посветена на светецот познат како Дедо Мраз.
Ормана, пак, е село сместено на планината Таурус, а е познато по своите уникатни „куќи со копчиња“, изградени од локален камен и кедрово дрво, без употреба на малтер и со техники што се пренесуваат од генерација на генерација. Денес многу од нив работат како бутик-хотели. Автохтоните билки, грозјето и гроздовата меласа, во комбинација со локално козјо сирење, го отсликуваат богатството на локалната кујна. Традиционалното свилено ткаење Гиламик, пак, може да биде убав сувенир. Во близина се наоѓа пештерата со најголемото подземно езеро во Туркије, како и рамнината низ која слободно талкаат диви коњи. Ормана е вклучена и меѓу најдобрите одржливи патувања на GoTürkiye.
Анитли, порано познато како „Хах“ на сириски јазик, е село во регионот Тур Абдин кое привлекува со средновековниот амбиент, камената архитектура и културното наследство. Тоа е дел од локалитетот „Доцноантички и средновековни цркви и манастири во Мидјат“, кој се наоѓа на прелиминарната листа на светско наследство на УНЕСКО. Во Црквата на Богородица лоцирана во самото село на секои 15 дена се одржуваат литургии и утрински богослужби. Во непосредна близина е и манастирот Мор Габриел, најстариот активен сириско-православен манастир во светот, основан во 397 година, кој е задолжително да се посети.
Лебот од наут подготвен според вековни рецепти, сириската бурек-пита, локалните туршии, како и бадемовите слатки, се неизбежни локални специјалитети. Посетителите најчесто престојуваат во традиционалните камени куќи во Мидјат, оддалечен околу 20 километри од Анитли, од кои многу биле користени како локации за популарни турски телевизиски серии. Сепак, како најавтентично искуство останува ноќевање во рамките на самиот црковен комплекс во селото.
На оваа изложба се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој во колонијата. Уметниците доаѓаат од различни земји, вклучувајќи ја Северна Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Грција, Англија и Турција.
Куратор на изложбата и организатор на уметничката колонија во Кавадарци е познатиот македонски уметник Владимир Темков. По повод овој значаен јубилеј, тој нагласи дека во рамките на Ликовната колонија до сега учествувале повеќе од 500 уметници од Европа, истакнувајќи ја нејзината улога како уметничка платформа за комуникација, соработка и креативен развој.
На отворањето на изложбата присуствуваше и уметницата Радица Лелова Докузовска, која со својата слика е дел од оваа изложба. Меѓу посетителите имаше уметници од Албанија, Италија, Белгија, САД и Украина, кои выразија интерес за учество на следното издание на колонијата во Кавадарци.
„Во тој контекст, Македонскиот културен центар во Тирана продолжува со својата мисија за промоција на македонската култура, отворајќи нови можности за контакти, соработка и обединување на уметниците од регионот и пошироко. Изложбата ќе биде достапна за посетителите во текот на месец јуни“, соопштуваат од македонскиот КИЦ во Тирана.
БИЛЈАНА З. БИЛЈАНОВСКА
Во пресрет на новиот албум на дуото ДОБРИЛА &ДОРИАН – „WIND TO BLOW” или како што велат авторите во македонски превод „ВЕТАР ДА ПОДУЈНЕ”
Секогаш во моите анализи појдував од едно значајно становиште што ќе го повторам и овде – „НИТУ ЕДНА ДАРБА НЕ Е СЛУЧАЈНА. ДОКОЛКУ СЕ НЕГУВА, ТАА СТАНУВА ВИСТИНСКА МОТИВАЦИЈА ЗА ПОСТОЈАНИ ТВОРЕЧКИ ПРЕДИЗВИЦИ”. Токму тоа е она што би го подвлекла повторно за дуото Добрила & Дориан и нивните постојани заложби од бројни македонски традиционални песни да направат нешто со што ќе ја освојуваат не само својата македонска публика, туку секогаш и пошироко, кога ќе биде неопходно нашата музичка култура да биде идентификатор за нашиот севкупен културен и творечки идентитет.
Можеби по првиот нивни самостоен албум „Апокриф” мнозина ќе заклучеа дека успехот е случајност која се поклопила со едно конкретно време и големата потреба да се нурнеме кон минатото за да го реинкарнираме во сегашноста; по вториот „Пиле шарено”, дека изборот на песните бил успешен, но кога веќе ќе се појави и третиот, во мигов актуелен што ја чека својата прва официјална изведба на ОФФест што ќе се случи на 4 јуни оваа година, „Ветар да подујне”, секако дека ќе биде уште еден многу стабилен камен-темелник во нивната долгогодишна музичка творечка градба која своите почетоци ги бележеше уште со појавата на Чалгија саунд систем и неколкуте еднакво успешни албуми посветени и објавени секогаш со цел за промоција и трајно чување на една многу специфична оригинална музичка македонска традиција.
Во исчекување на она што ќе го доживееме и во оваа прилика со успешно одбраните песни во изведба на Добрила Грашеска и нејзиниот вистински забележителен и неимитативен вокал, и инструментална придружба со утот на Дориан Јовановиќ, да споменам дека извршната продукција е на Оливер Белопета кој е организатор на ОФФест со чиј особен афинитет за поткрепа и поддршка на бројни млади музички изведувачи од домашната и меѓународната музичка сцена, македонската публика постојано доживува нови и успешни изненадувања. Дизајнот на корицата во оваа прилика е на Ника Гавровска, а фотографиите на Наташа Величковска.
На свеченото отворање на изложбата „Mind(e)scapes“ организирана од Асоцијацијата за култура ИКОН, присуствуваше директорката на македонскиот Културен Институт во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска. Таа ја нагласи значајната улога на уметноста како алатка за комуникација, самооткривање и општествена рефлексија, истакнувајќи колку е важно да ја претставиме современата македонска уметност пред глобалната публика.
Според наводите од македонскиот КИЦ во Загреб, Ѓоргоска Илиевска објасни дека изложбата „Mind(e)scapes“, преку цртежи, графики и визуелна поезија, создава врска помеѓу четири различни, но едновремено комплементарни авторски пристапи. Овие пристапи дополнително развиваат дијалог меѓу индивидуалните поетики на авторите и поширокиот културен контекст.
Кураторката на изложбата, Марија Коробар, при презентацијата на концептот и уметничките поетики на авторите, истакна дека „изложбата е замислена како простор на внатрешни пејзажи, лични слики, сеќавања, фрагменти, хумор, тишина и имагинација“.
„Насловот Mind(e)scapes опфаќа игри на зборови со терминот mindscapes и escapes, овозможувајќи размислување за уметноста како ментален простор, но и како бегство од секојдневното. Изложбата се фокусира на менталниот пејзаж како уметнички мотив и истражувачка алатка – визуелизација на процесот на размислување, чувствување и спознавање“, додаде кураторката Коробар.
Оваа изложба е дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржана од Министерството за култура и туризам, и ќе трае до 2 јуни.
Иран му дозволи на одредени бродови од Кина да го поминат Ормуска Теснина, откако се постигна договор за иранските правила за морскиот транспорт. Ова го извести иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на неназначен извор. Одлуката е донесена по барање на шефот на кинеската дипломатска служба и кинескиот амбасадор во Техеран, со цел да се олесни преминот на бродовите…
Уметникот Драган Гелев, роден 1984 година во Штип, каде што ги минува детството и тинејџерските години, ги претставува нашите умствени и уметнички вредности на светската сцена. Неговите уметнички дела, кои вклучуваат над 200 творби, се изразени во различни техники, како што се масло на платно, акварел, комбинирана техника и пастел.
Откако го завршил средното образованије, Драган трипати се обидел да влезе на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, но не бил примен. Потоа, се запишал на Педагошкиот Факултет во Скопје. Голем дел од неговиот живот е посветен на глумата, а тој нагласува дека заедно со сликањето, глумата му овозможува да создаде паралелен свет, што му ја грее душата.
Како син единец, моментот кога одлучил да ја напушти својата земја и да замине во Швајцарија, бил особено тежок за неговите родители, кои му се најголема поддршка.
Приказната за неговиот успех започнала сосема спонтано и неочекувано, кога случајно споделил едно свое дело. Тоа дело било забележано од новинарка од Чикаго, која работела во медиум за современа уметност и е ќерка на познат галерист од Холандија. Од тоа време, Драган започнува да го живее својот уметнички сон.
Во септември 2021 година, во Швајцарија, бил прогласен за уметник на месецот во најчитаниот весник Nau.
Неговите уметнички дела се изложени и продавани во најпознатите галерии во Европа, вклучувајќи ги Берлин и Лондон, а редовно учествува на групни изложби низ светот.
Драган е член на Здружението на ликовни уметници ‘Урош Предиќ’ од Србија, кое има триесетгодишна традиција во Швајцарија и е единствениот Македонец во него.
Во 2023 година, во родниот Штип, Гелев ја отвори самостојната изложба по повод 38-то Штипско културно лето.
Во истата година, неговата самостојна изложба „Носталгија“ се одржа и во Скопје. Тој нагласува дека неговото тело е надвор, но душата е во родната Македонија, која му е нераскинлива врска.
Драган истакнува дека уметноста бара многу љубов и труд и додава дека покрај своите деца, таа е основната смисла на неговиот живот.
За следната јубилејна година, планира самостојна изложба во Скопје, за која се надева дека ќе биде успешно реализирана.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на средбата со својот кинески колега Си Џинпинг, изрази високо мислење за него, опишувајќи го како „голем лидер“. Тој изрази задоволство што го смета Си за свој пријател, додавајќи: „Верувам дека заедно можеме да создадеме фантастична иднина“. Трамп нагласи дека овој комплимент понекогаш не е во согласност со мислењето на некои луѓе, но за него, Си навистина е значаен лидер.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Пекинг, главниот град на Народна Република Кина. За утре наутро, по локално време, е планирана средба со неговиот кинески колега, Шји Џинпинг. Главни теми на дискусија ќе бидат трговските односи, билатералната соработка и безбедносните предизвици. При неговото пристигнување на аеродромот, Трамп беше дочекан со воени почести и …
Во чест на 25-годишнината од СОС Детско село, во соработка со театрите низ Македонија, се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“, под мотото „Сцената што менува животи“. Оваа иницијатива значи дека со секој купен билет се дава директна поддршка за децата и младите.
Македонскиот народен театар со големо задоволство се приклучува на оваа важна акција. На 19 мај, на малата сцена во МНТ, ќе биде изведена претставата „Торонто експрес“, инспирирана од збирката есеи „Тибам Штркот“ на Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов.
Во оваа претстава ќе настапи првенецот на МНТ, Александар Микиќ. Неговиот уникатен сценски израз, комбиниран со прецизен хумор и суптилна емотивност, создава несомнено впечатлива изведба. Како еден од најангажираните актери во актуелниот репертоар на МНТ, Микиќ повторно ќе остави свој забележлив печат.
„Торонто експрес“ не е само театарска вечер, туку и чин на солидарност и единство. Со своето присуство, публиката не само што ја поддржува уметноста, туку и активно учествува во иницијатива која создава грижа, сигурност и подобра иднина за децата и младите на кои им е најпотребна помош.
Билетите може да се набават онлајн преку веб-страницата на МНТ, како и на билетарницата на театарот.