Македонскиот КИЦ во Тирана одбележа 30 години постоење на Ликовната колонија Кавадарци

На оваа изложба се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој во колонијата. Уметниците доаѓаат од различни земји, вклучувајќи ја Северна Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Грција, Англија и Турција.

Куратор на изложбата и организатор на уметничката колонија во Кавадарци е познатиот македонски уметник Владимир Темков. По повод овој значаен јубилеј, тој нагласи дека во рамките на Ликовната колонија до сега учествувале повеќе од 500 уметници од Европа, истакнувајќи ја нејзината улога како уметничка платформа за комуникација, соработка и креативен развој.

На отворањето на изложбата присуствуваше и уметницата Радица Лелова Докузовска, која со својата слика е дел од оваа изложба. Меѓу посетителите имаше уметници од Албанија, Италија, Белгија, САД и Украина, кои выразија интерес за учество на следното издание на колонијата во Кавадарци.

Прочитајте и:  Владата донесе одлука: Прогласена е 30-дневна криза во Гостивар

„Во тој контекст, Македонскиот културен центар во Тирана продолжува со својата мисија за промоција на македонската култура, отворајќи нови можности за контакти, соработка и обединување на уметниците од регионот и пошироко. Изложбата ќе биде достапна за посетителите во текот на месец јуни“, соопштуваат од македонскиот КИЦ во Тирана.