Актерката Ева Мари Сејнт почина на 102 години

Американската актерка и добитничка на Оскар, Ева Мари Сејнт, почина на 102 години, објавија списанието Variety и весникот The New York Times повикувајќи се на семејството.

2
Актерката Ева Мари Сејнт почина на 102 години
Фото: Нетпрес

Актерката починала во својот дом во Лоа Анџелес, но не се прецизиран околностите и точната причина за смртта.

Во текот на кариерата која се протегаше неверојатни девет децении, Сејнт освои Оскар и награда Еми, а била и номинирана за две бритнаски награди БАФТА и една награда Златен глобус. Во моментот на нејзината смрт, Сејнт беше добитничката на Оскар со најран датум на освојување на наградата и најстарата жива добитничка на истото признание, како и една од последните преостанати ѕвезди од Златната доба на Холивуд.

Сеинт е родена во 1924 година во Њуарк, во американската сојузна држава Њу Џерси, а својата телевизиска и филмска кариера ја започнала во 1940-те. Во 1955 година го освојува Оскарот за најдобра споредна женска улога за нејзината работа во „On the Waterfront“ (1954). Во 1959 година, таа одигра една од своите најпознати улоги, играјќи ја Ева Кендал во авантуристичкиот трилер на Алфред Хичкок „Северно од северозапад“ (North by Northwest).

Сејнт глумеше и во филмовите „Grand Prix“ (1966), „The Best Little Girl in the World“ (1981), „Nothing in Common“ (1986), минисеријалот „People Like Us“ (1990) за која ја доби престижната телевизиска награда Еми.

Сејнт ја играше и Марта Кент во „Superman Returns“. Нејзиниот последен долгометражен филм беше „Winter’s Tale“, објавен во 2014 година.