Две икони, една нова ера: новите БМВ икс5 и БМВ серија 7 седан премиерно претставени во Македонија

Нивната приказна е различна, но заедничкиот јазик е јасен: моќен дизајн, префинетост, комфор и технологии кои го прават секое патување посебно. Кај двата модели БМВ успева модерниот дигитален свет да го спои со чувството на луксуз и внимание кон секој детал.

6
Две икони, една нова ера: новите БМВ икс5 и БМВ серија 7 седан премиерно претставени во Македонија
Фото: МКД.мк

БМВ икс5 – познатата приказна, напишана одново

Ова е петтата генерација на моделот со кој БМВ го постави темелот на семејството икс уште во 1999 година. Од првиот БМВ икс5 до денес, моделот постојано се развиваше, а сега доаѓа со нешто што досега го немавме – пет различни типови погонски системи.

„И токму таа приказна за постојаното поместување на границите продолжува и денес. На прв поглед е јасно дека икс5 не дошол само да продолжи една успешна приказна, туку да го напише следното поглавје. Новиот БМВ икс5 влегува во својата петта генерација со посамоуверен изглед, повеќе простор и ентериер кој ја комбинира елеганцијата со модерниот карактер на моделот. Со речиси пет метри должина, икс5 има уште повеќе простор, а вниманието кон деталите се забележува во секој дел од кабината. Ако постои модел за кој совршено важи „Шефот се врати!“, тогаш тоа е новиот БМВ икс5“, кажа Борис Јаневски, сениор консултант за БМВ автомобили во М кар.

Реклама

Новиот дизајн ги задржува препознатливите пропорции на икс5, но носи помонолитен и посамоуверен изглед, со новиот дизајнерски јазик на БМВ од Новата класа (Neue Klasse). BMW ајконик глоу маската и новата светлосна графика во форма на двојно икс дополнително го нагласуваат карактерот, а изборот на тркала оди од 21 до 23 инчи.

Новиот икс5 добива и рачки на вратите во форма на крилца, електрично отворање и функција за меко и тивко затворање.

Во неговиот ентериер технологијата не е тука само за да импресионира, туку да го направи искуството поедноставно и поприродно. Панорамик вижн, 3Д хедап дисплеј и новиот Панорамик ајдрајв на БМВ се дел од новиот начин на комуникација меѓу возачот и автомобилот.

Погонската понуда на новиот БМВ икс5 уште од старт е разновидна, со мајлд хибрид бензинска и мајлд хибрид дизел верзија. Од јануари 2027 година, понудата ќе биде проширена со плагин хибридните икс5 50e и икс5 M60e, како и со целосно електричната верзија и-икс5. Така, купувачите ќе имаат можност да изберат меѓу различни погонски решенија, во зависност од своите потреби и начинот на користење на автомобилот.

Реклама

БМВ серија 7 седан – кога луксузот станува искуство

Ако икс5 ја носи приказната за динамиката и слободата, БМВ серија 7 седан е приказна за луксузот. Седмата генерација на моделот пристигнува со уште пософистициран изглед, богати можности за персонализација и ентериер создаден подеднакво за возење и за уживање во патувањето.

На задните седишта, БМВ екранот од импресивни 31,3 инчи со 8K резолуција го претвора патувањето во приватно кино искуство, додека новите Панорамик вижн и Панорамик ајдрајв на БМВ внесуваат ново ниво на дигитална интуитивност во кабината.

И тука деталите ја прават разликата. Повеќе од 500 бои и комбинации за екстериерот овозможуваат секој БМВ серија 7 седан да има свој карактер, додека најдобрите материјали и внимателно дизајнираните елементи создаваат амбиент во кој луксузот не е само видлив, туку се чувствува.

И понудата на погонски опции е поставена во чекор со различните очекувања на клиентите. БМВ серија 7 седан стартува со една мајлд хибрид бензинска и три целосно електрични изведби, додека од ноември понудата ќе биде дополнета со мајлд хибрид дизел и плагин хибридни верзии.

Реклама

„Новите БМВ икс5 и БМВ серија 7 седан покажуваат дека автомобилот може да биде многу повеќе од средство за движење – може да биде личен избор што ги одразува карактерот, потребите и индивидуалноста на својот сопственик. За нас во М кар, суштината не е само во разновидноста на понудата, туку во уникатноста на секој автомобил и начинот на кој тој се поврзува со човекот за кого е создаден. БМВ икс5 и БМВ серија 7 седан имаат различен карактер, но заедничка идеја – секој автомобил да понуди искуство што е лично, препознатливо и единствено за својот сопственик“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и односи со јавност во М кар.

Два автомобили, две различни приказни. БМВ икс5 е динамичен, простран и подготвен за секој предизвик, додека БМВ серија 7 седан носи поинаков вид на самодоверба – тивка, елегантна и раскошна. Но и двата се дел од истата визија на БМВ: да создаде автомобили кои не се само начин да стигнете до некаде, туку искуство само по себе.

И токму затоа нивното претставување носи посебна тежина – две нови приказни на БМВ, во кои луксузот, технологијата и препознатливиот карактер се среќаваат на едно место.