Прескокни до содржината
Реклама

Робот за достава предизвика судир, па избега!

Робот за достава предизвика судир, па избега!
Фото: МКД.мк

Локалните медиуми пренесуваат дека мало автономно возило за достава не застанало на црвено светло и навлегло во крстосницата; возачот на автобус нагло закочил за да избегне судир, при што неколку патници паднале.

Девет патници се повредени, објави германската агенција ДПА.

„Роботот избега. Тој се оддалечи од местото на настанот“, изјави за локалните медиуми Андреј Новиков, член на управниот одбор на Градското транспортно претпријатие во Талин.

Пепе Авиксо, претставник на „Старшип технолоџис“ – компанијата што го произвела роботот – изјави дека стапиле во контакт со полицијата и дека е покрената внатрешна истрага за да се утврдат околностите на инцидентот.

Роботизираните возила на компанијата можат да носат до 15 килограми на растојание од пет километри.

Во Естонија, ваквите возила што се користат за достава на намирници, оброци или пакети се движат целосно автономно по тротоарите, користејќи повеќе камери за следење на околината.

Последната пријавена несреќа во која учествувало роботизирано возило и автобус се случи во април 2020 година.

Рекорден број регистрации на електрични возила во светот

Рекорден број регистрации на електрични возила во светот
Фото: Нетпрес

Бројот на регистрациите на електрични возила во светот продолжи да расте во првите девет месеци од годината, според студијата на консултантската фирма PwC што ги испитуваше главните пазари, објави германската новинска агенција dpa.

Рекорден број електрични возила на батерии, или околу 11 милиони, беа регистрирани првпат во првите девет месеци од 2026 година, што е зголемување од 12 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Европа е клучниот двигател на растот, покажа истражувањето. Од почетокот на годината, во Европа се продадени 2,5 милиони електрични возила, што е зголемување од 42 отсто во споредба со претходната година.

Во Германија првпат беа регистрирани 604.000 електрични автомобили, што е за 58 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Ова ја става Германија на третото место во светот по бројот на регистрирани електрични возила и блиску до САД, кои се на второто место по Кина.

Околу 746.000 електрични возила на батерии се регистрирани во првите девет месеци од годината во Соединетите држави, што е пад од 29 отсто во однос на истиот период во 2025 година.

Во Кина, пак, забавен е растот на регистрацииите. Најголемиот пазар на електрични возила во светот стагнира со околу шест милиони електрични возила на батерии, според PwC.

Во Кинотека две значајни годишници: 20 години од смртта на Димитрие Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето“

Во Кинотека две значајни годишници: 20 години од смртта на Димитрие Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето“
Фото: Опсервер

Во петок, на 30 октомври, со почеток во 19:00 часот, Кинотеката на Македонија ќе одбележи две значајни годишници од историјата на македонската кинематографија: 20 години од смртта на режисерот и филмски автор Димитрие Рули Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето“ (1961), првата македонска филмска комедија и првиот филм во македонската кинематографија режиран од македонски филмски автор.

Освен „Мирно лето“, во рамките на програмата ќе бидат прикажани и документарниот филм „Девојките од Мали“ (1963), како и Филмските журнали бр. 4 и бр. 6 од 1946 година, исто така во режија на Османли, кои претставуваат драгоцено сведоштво за времето и за развојот на филмската продукција во Македонија.

Димитрие Османли е автор и на редица други значајни остварувања во македонската играна и документарна продукција. Покрај гореспоменатите, тука се и играните филмови „Мементо“ (1967), „Жед“ (1971) и „Ангели на отпад“ (1995), како и документарните „Распламтени факли“ (1956), „Афион“ (1962), „Културно богатство во урнатини“ (1963), „Кеј 13 Ноември“ (1964) и наградуваниот „Дванаесетте од Папрадник“ (1965). Неговиот кусометражен игран филм „Бунт на куклите“ (1957) во 2022 година го отвори прочуениот Фестивал на новореставрирани филмови „Ил чинема ритровато” во Болоња, а признанието што го доби македонската кинематографија со неговата проекцијата во Болоња е дотолку поголемо, што ова беше прв и засега единствен македонски филм прикажан на овој реномиран фестивал. Во 2023 г., пак, на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, „Мементо“ беше прикажан во рамките на југословенската ретроспектива на „црниот бран“ во реномираниот њујоршки Музеј на современа уметност – МоМА каде што режисерската постапка на Османли во овој филм беше споредена со онаа на големиот француски режисер Ален Ренѐ во неговиот култен филм „Хирошима, љубов моја“.

Покрај тоа што е прва комедија, „Мирно лето“, исто така, е и прв македонски филм на современа тема затоа што до 1961 г. играните филмови биле претежно на теми од Втората светска војна. За „Девојките од Мали“, пак, „Вардар филм“ ја добива продуцентската награда на Фестивалот на југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград 1964 г.

Пред почетокот на проекциите, на присутните ќе им се обрати директорот на Кинотеката на Македонија, Бошко Грујоски, кој ќе се осврне на значењето на творештвото на Димитрие Османли и неговиот придонес во македонската филмска историја.

Ноември ќе биде тежок за нив, но потоа доаѓа наградата: два хороскопски знака имаат причина за славење

Ноември ќе биде тежок за нив, но потоа доаѓа наградата: два хороскопски знака имаат причина за славење
Фото: Опсервер

Ноември нема да започне онака како што сите се надеваа; некои ќе се соочат со неочекувани пресврти, и тоа во многу краток временски период.

Додека одредени хороскопски знаци ќе почувствуваат наплив на енергија и оптимизам уште од првите денови на месецот, други ќе се соочат со непријатни ситуации, разочарувања и планови што нема да се одвиваат според желбите. Сепак, за два знака, овие почетни тешкотии ќе бидат само вовед во многу попријатен крај на месецот.

На почетокот на ноември, Раковите и Јарците можеби ќе имаат чувство дека ништо не им оди од рака; но, како што ќе одминуваат деновите, околностите постепено ќе се менуваат во нивна полза. Последните недели од месецот би можеле да им донесат добри вести, чувство на олеснување и причини за славење.

Рак
Раковите може да влезат во ноември чувствувајќи се прилично исцрпено – особено ако во претходните недели презеле премногу обврски или биле преокупирани со туѓи проблеми. На почетокот на месецот, може да се соочат со недоразбирања во семејството или во љубовната врска. Некој близок може да ги разочара, а плановите на кои се радувале може неочекувано да се искомплицираат.

Работите нема да течат глатко ниту на професионален план. Можни се одложувања, дополнителни задачи или чувство дека нивниот труд останува незабележан. Сепак, кон средината на ноември, ситуацијата ќе почне да се подобрува. Разговорот што долго го одложувале може да помогне во разрешување на недоразбирањето, додека поддршката од неочекуван извор ќе им помогне да ја вратат самодовербата.

Крајот на ноември ќе им донесе на Раковите многу повеќе причини за задоволство. Раковите кои се слободни може да запознаат некого што ќе им го привлече вниманието, додека оние кои се во врска може повторно да почувствуваат блискост со својот партнер. Можни се и добри вести поврзани со финансиите или работата. Месецот што започнал со стрес може да заврши со чувство дека, конечно, сè си дошло на своето место.

Јарец
Јарците се навикнати да имаат план и сè да држат под контрола, но почетокот на ноември може да им покаже дека не можат да влијаат апсолутно на сè. Неочекуваните промени на работа, одложените договори или дополнителните трошоци може да им го расипат расположението. Особено ќе им биде фрустрирачки кога ќе мора да чекаат другите да ги исполнат своите обврски. Во нивниот приватен живот можни се и помали разочарувања. Јарците можеби ќе сфатат дека очекувале повеќе од некого, отколку што таа личност е всушност подготвена да даде. Иако првите неколку дена од месецот може да бидат напорни, таквите ситуации ќе ги поттикнат повторно да ги разгледаат своите приоритети и да престанат да трошат енергија на работи што не можат да ги променат.

Втората половина на ноември носи пресврт. Деловна можност, која веќе речиси ја отпишале, може повторно да се појави, а нивниот труд конечно би можел да биде признаен. Последниот дел од месецот изгледа особено ветувачки, со можност за финансиска добивка, склучување успешен договор или пристигнување на вести што долго ги очекувале.

Ниту љубовниот живот нема да заостанува. Јарците кои во изминатите месеци се чувствувале осамено, може да се зближат со некој што веќе некое време покажува интерес за нив. На тој начин, тие би можеле да влезат во декември чувствувајќи се позадоволни, поопуштени и посигурни во одлуките што ги донеле.

Пилешко на скара со лимон и рузмарин

Пилешко на скара со лимон и рузмарин
Фото: Shixart1985, Wikimedia Commons (CC BY 2.0)

Едноставен маринат што претвора обични гради во сочно јадење.

Време30 минути (плус маринирање)Порции4ТежинаЛесно
Видео: како се подготвува рецептот, чекор по чекор.

Состојки

  • 4 пилешки гради
  • сок од 1 лимон
  • 3 гранчиња рузмарин
  • 3 чешниња лук
  • маслиново масло
  • сол, бибер

Подготовка

  1. Измешајте лимон, сецкан рузмарин, лук и масло за маринатот.
  2. Потопете го пилешкото и оставете најмалку 1 час во ладилник.
  3. Печете на загреана скара по 5–6 минути од секоја страна.
  4. Оставете да отпочине 5 минути пред служење.

Проект на Спона – „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“

Проект на Спона – „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“
Фото: МКД.мк

„Панел-дискусијата е замислена како платформа за директен дијалог и интерактивна размена на мислења меѓу експертите, студентите и граѓаните, кои ќе дебатираат за урбаната историја, зачувувањето на архитектонските објекти и иднината на урбанизмот, овозможувајќи поголема вклученост на пошироката јавност. Покрај тоа, преку достапната документарна изложба, присутните ќе имаат можност визуелно да се запознаат со минатото на старо Скопје и неговата трансформација во модерен, напреден и убав град, чии контури на развој јасно се препознаваат и во денешното современо живеење“, соопшти „Спона“.

Во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“ завчера беше отворена документарна изложба „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“ во Домот на културата „Кочо Рацин“.

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти октомври 2026-та

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти октомври 2026-та
Фото: Нетпрес

ОВЕН
Денеска енергичен разговор може да ви даде вистински поттик да придвижите нешто што сте го одложувале. Претпладнето е погодно за куси ангажирања, состаноци, патувања и активности што бараат брз одговор. Доколку се појави стара тема, искористете ја како шанса да исправите некој детал, а не да оживеете стара расправија. Вечерта носи поголема самодоверба и чувство дека вашите напори почнуваат да отвораат нови можности.

БИК
Практичниот пристап денеска може да ви донесе добри резултати на тема поврзана со ресурси или лична безбедност. Во првата половина од денот, ќе ви биде полесно да дејствувате конкретно и поефикасно да ги користите вашите способности. Не брзајте со донесување одлуки доколку станува збор за стар договор или финансиско прашање кое сè уште не е целосно разјаснето. Кон вечерта, доаѓа повеќе мир и самодоверба дека имате доволно можности.

БЛИЗНАЦИ
Во текот на денешниот ден вашето темпо ќе биде високо и можете да сработите многу доколку изберете јасна насока. Претпладнето е погодно за лична иницијатива, движење и разговори во кои треба брзо да реагирате. Сепак, проверете ги информациите, бидејќи нешто од минатото може да се врати во малку изменета форма. Вечерта е попријатна и носи шанса за добар состанок, нова идеја или причина за оптимизам.

РАК
Денеска работењето насамо може да биде попродуктивно отколку обидот да се направи сè одеднаш. Претпладнето ви оди во прилог да завршите задача што бара концентрација и помалку надворешно мешање. Стар разговор или недовршена работа може повторно да се појават, но овојпат ќе ви биде полесно да гледате на тоа смирено. Вечерта носи внатрешно олеснување и чувство дека постепено правите место за нешто ново.

ЛАВ
Личности од вашето опкружување денеска можат да го забрзаат развојот на идеја што долго време ја разгледувавте. Претпладнето е податливо за тимска работа, заеднички иницијативи и активности во кои секој придонесува нешто конкретно. Доколку се појави стар план, размислете дали веќе немате подобри услови за да го спроведете. Вечерта носи поведро расположение и може да ви претстави полезна можност или остварување важен контакт.

ДЕВИЦА
Денеска видлив резултат може да ви даде поголема самодоверба во професионална или организациска работа. Претпладнето поддржува решителна акција и ви помага да се справите со задача што бара брзина и добра координација. Претходен договор може да бара корекција, затоа не верувајте само на вашите сеќавања. До вечерта ќе ви биде полесно да процените што е постигнато и да го видите следниот чекор.

ВАГА
Желбата да го проширите вашето знаење или искуство денеска може да ве однесе во интересен правец. Првиот дел од денот е добар за учење, разговор со некој од различно потекло или разработување на план за патување. Една стара идеја може повторно да ви го привлече вниманието, но разгледајте ја во контекст на моменталните околности. Вечерта носи повеќе инспирација и чувство дека пред вас има повеќе можности отколку што мислевте.

ШКОРПИЈА
Денеска похрабриот пристап кон тешко прашање може да ви помогне да излезете од ќорсокак. Претпладнето е погодно за решавање заедничка обврска или за разговор што бара решителност и јасни услови. Не ги занемарувајте деталите, особено доколку станува збор за стар договор или споделена одговорност. Вечерта ви дава поширока перспектива и ви помага да видите излез таму каде што претходно сте гледале само ограничувања.

СТРЕЛЕЦ
Заедничкото дејствување функционира добро кога не се обидувате сè да направите сами. Петпладнето една личност може да ви го даде потребниот поттик или да ви помогне побрзо да донесете одлука. Доколку се појави стара тема во врската, искористете го моментот за да разјасните, а не да го повторите претходното сценарио. Кон вечерта, атмосферата станува полесна и е погодна за состаноци, заеднички планови и пријатни разговори.

ЈАРЕЦ
Добрата организација денеска може да го претвори напорниот ден во изненадувачки продуктивен. Претпладнето справете се со конкретните задачи и не го одложувајте она што бара активност. Нешто старо можеби ќе треба да се преиспита, затоа одвојте време за корекции и не брзајте да означите сè како завршено. Вечерта носи поголемо задоволство и чувство дека вашите напори даваат видливи резултати.

ВОДОЛИЈА
Идеја што ви носи радост денеска може да добие многу посилен импулс отколку што очекувавте. Утрото е погодно за креативност, лична иницијатива, спорт или активност што ве прави да се чувствувате послободно. Доколку нешто од минатото се вмеша преку некоја личност или стара симпатија, не брзајте да одлучите што значи тоа. Вечерта носи повеќе оптимизам и ви помага да уживате во моментот без непотребни анализи.

РИБИ
Повеќето движење низ домот денеска може да ви помогне да завршите нешто што долго време било недовршено. Претпладнето е добро за практична промена, семејна задача или акција што го подобрува вашето непосредно опкружување. Дамнешемн разговор со блиска личност може да се врати и да бара појасен одговор. Кон крајот на денот, атмосферата се разведрува и носи повеќе топлина, смиреност и чувство на поддршка.

Салата од печена цвекло и ореви

Салата од печена цвекло и ореви
Фото: Chris Olszewski, Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Земјена сладост, малку кисело и крцкавост во една чинија.

Време50 минутиПорции2ТежинаЛесно

Состојки

  • 3 цвекла
  • 60 г ореви
  • 80 г млад сир
  • рукола
  • маслиново масло
  • балсамико оцет
  • сол

Подготовка

  1. Завиткајте ги цвеклата во фолија и печете на 200 °C околу 40 минути.
  2. Излупете ги и исечете на кришки додека се уште топли.
  3. Наредете на рукола, посипете со трошен сир и ореви.
  4. Полијте со масло и балсамико и зачинете со сол.

Домашен леб без месење

Домашен леб без месење
Фото: Monika M. Wahi, Wikimedia Commons (CC BY-SA 3.0)

Само четири состојки и една ноќ чекање даваат леб со крцкава кора.

Време18 часа (со стоење)Порции1 голем лебТежинаЛесно

Состојки

  • 400 г брашно
  • 8 г сол
  • 3 г свеж квасец
  • 320 мл млака вода

Подготовка

  1. Измешајте ги сите состојки во леплива смеса, покријте и оставете на собна температура 12–18 часа.
  2. Превиткајте го тестото неколку пати на набрашнета површина и обликувајте топка.
  3. Загрејте тенџере со капак во рерна на 240 °C, ставете го тестото и печете 30 минути со капак.
  4. Отстранете го капакот и печете уште 15 минути до златна кора.

Топла супа од печена тиква со ѓумбир

Топла супа од печена тиква со ѓумбир
Фото: Bigvai Muhoti, Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Кремаста, лесно зачинета супа што се прави од една тава печен зеленчук.

Време45 минутиПорции4ТежинаЛесно

Состојки

  • 1 средна тиква (околу 1 кг)
  • 1 кромид
  • 2 см свеж ѓумбир
  • 3 чешниња лук
  • 700 мл зеленчуков бујон
  • 100 мл павлака за готвење
  • маслиново масло, сол, бибер

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 200 °C. Исечете ја тиквата на коцки, ставете ја на плех со кромидот и лукот, полијте со масло и печете 30 минути.
  2. Пренесете сè во сад, додајте го рендениот ѓумбир и бујонот и вриете 10 минути.
  3. Изблендирајте до кремаста текстура, вратете на тивок оган и вмешајте ја павлаката.
  4. Зачинете со сол и бибер и служете со тост.