
Рекорден број електрични возила на батерии, или околу 11 милиони, беа регистрирани првпат во првите девет месеци од 2026 година, што е зголемување од 12 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Европа е клучниот двигател на растот, покажа истражувањето. Од почетокот на годината, во Европа се продадени 2,5 милиони електрични возила, што е зголемување од 42 отсто во споредба со претходната година.
Во Германија првпат беа регистрирани 604.000 електрични автомобили, што е за 58 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Ова ја става Германија на третото место во светот по бројот на регистрирани електрични возила и блиску до САД, кои се на второто место по Кина.
Околу 746.000 електрични возила на батерии се регистрирани во првите девет месеци од годината во Соединетите држави, што е пад од 29 отсто во однос на истиот период во 2025 година.
Во Кина, пак, забавен е растот на регистрацииите. Најголемиот пазар на електрични возила во светот стагнира со околу шест милиони електрични возила на батерии, според PwC.
Извор: Нетпрес



