Прескокни до содржината
Реклама

Паста со домати и босилек

Паста со домати и босилек
Фото: Abi Porter, Wikimedia Commons (CC BY 2.0)

Сос од свежи домати готвен за времето додека врие пастата.

Време20 минутиПорции2ТежинаЛесно
Видео: како се подготвува рецептот, чекор по чекор.

Состојки

  • 200 г паста
  • 4 зрели домати
  • 2 чешниња лук
  • свеж босилек
  • маслиново масло
  • пармезан
  • сол

Подготовка

  1. Ставете ја пастата да врие во солена вода.
  2. Пропржете го лукот на масло, додајте ги сецканите домати и вриете 8 минути.
  3. Измешајте ја оцедената паста со сосот и лажица вода од варењето.
  4. Додајте кинат босилек и рендан пармезан.

Вештачката интелигенција добива емоции: Руски научници развија дигитални хормони

Вештачката интелигенција добива емоции: Руски научници развија дигитални хормони
Фото: МКД.мк

Како што соопшти прес-службата на универзитетот, новиот систем може да се примени кај големите јазични модели и разните дигитални асистенти, менувајќи го нивното однесување врз основа на комбинација од дигитални „хормони“ и „невротрансмитери“.

За разлика од постојните јазични модели, кои можат да имитираат емоционални изрази, новиот модул користи повеќе параметри што динамично ги симулираат функциите на човечките хормони и невротрансмитери, објави агенцијата ТАСС.

Реакции на човечкото однесување

Секоја реченица што корисникот ја испраќа до виртуелниот соговорник поминува низ софтверски модул, каде што се проценува нејзиното влијание врз нивоата на дигиталните „хормони“ и „невротрансмитери“. Врз основа на овие промени, системот ги прилагодува своите реакции; програмата, исто така, овозможува однапред планирано зголемување или намалување на одредени параметри, со што се менува комбинацијата на емоции што ги симулира моделот.

Системот може да комбинира различни емоционални состојби, но и да го приспособува начинот на изразување на особините што вообичаено се поврзуваат со машкиот или женскиот стил на комуникација.

Раководителот на проектот и вонреден професор на Катедрата за безбедност на информациските системи при Универзитетот во Самара, Роман Олин, објасни дека однесувањето на виртуелниот соговорник се менува врз основа на интеракциите со корисникот и стекнатото искуство.

Според него, груба или нетактична забелешка може да предизвика реакција слична на раздразнетост, додека повторените конфликти ја зголемуваат претпазливоста на моделот. Од друга страна, поддршката и добронамерната комуникација постепено можат да ја обноват неговата доверба.

Олин наведе дека вообичаено, формално извинување не мора да биде доволно за да се промени претходно формираната реакција на системот.

Примена во комуникацијата со луѓе

Различните емоционални состојби, од радост проследена со потисната тага до задржување на наклонетоста и покрај навредата, се одразуваат во начинот на зборување, степенот на отвореност и подготвеноста на виртуелниот соговорник да продолжи со комуникацијата. На тој начин, одговорите на вештачката интелигенција добиваат поизразени карактерни црти.

Според научниците, овој пристап би можел да биде корисен во областите каде што се важни емпатијата, сочувството и прилагодувањето на комуникацијата врз основа на повратните информации од корисниците.

Интерфејсот на модулот овозможува визуелно следење на промените во внатрешните параметри и нивното влијание врз понатамошниот тек на разговорот помеѓу човекот и роботот.

Програмерите велат дека системот може да работи со различни јазични модели и дигитални асистенти, дури и без интернет-врска.

Прототипот е веќе тестиран, а следната фаза од развојот ќе опфати воведување нови компоненти во дигиталната „хормонална позадина“ на системот. Научниците најавуваат дека истражувањата во оваа насока ќе продолжат.

Сепак, симулирањето емоции и реакции преку софтверски параметри, само по себе, не значи дека системот за вештачка интелигенција навистина доживува чувства или поседува свест.

Емоционално прејадување: како стресот влијае врз дигестивната рамнотежа?

Емоционално прејадување: како стресот влијае врз дигестивната рамнотежа?
Фото: Опсервер

Во втората епизода на Баланс+ поткастот „Во рамнотежа“, психологот Бојана Стојменовиќ Петровска зборува за врската меѓу умот и стомакот и за градењето навики со повеќе разбирање за себе.

По напорен ден, понекогаш посегнуваме по храна иако не сме сигурни дека сме гладни. Пред важен настан чувствуваме „пеперутки“ во стомакот, а во периоди на стрес забележуваме промени во апетитот и секојдневната рутина. Како да ги разбереме овие реакции и да препознаеме што ни е потребно во тие моменти?

Овие прашања се во фокусот на втората епизода на Баланс+ поткастот „Во рамнотежа“, во која гостува психологот Бојана Стојменовиќ Петровска. Преку разговор за стресот, емоциите и исхраната, епизодата ја доближува поврзаноста меѓу умот и стомакот и нејзиното место во нашето секојдневие.

Една од централните теми е емоционалното прејадување. Како да ја препознаеме разликата меѓу физичкиот глад и потребата за храна поттикната од емоции? Што се случува кога храната станува утеха во моменти на напнатост или нерасположение? Бојана ѝ пристапува на темата со разбирање, отворајќи простор да ги препознаеме сопствените навики без чувство на вина и самоосудување.

Разговорот се осврнува и на тоа зошто стресот често прво го чувствуваме во стомакот и како функционира двонасочната комуникација меѓу мозокот и дигестивниот систем. Во сегментот „Мит или вистина“ се преиспитуваат честите уверувања за стомачните тегоби, јадењето под стрес и идејата дека силната волја е доволна за да ги смениме навиките.

Токму менувањето на навиките отвора уште едно важно прашање: како да изградиме рутина што можеме да ја одржиме? Во епизодата се разгледуваат улогата на средината, сонот и секојдневниот ритам, но и начинот на кој се однесуваме кон себе кога ќе отстапиме од замисленото. Разговорот потсетува дека и тие моменти заслужуваат разбирање.

Место добиваат и малите чекори за повеќе смиреност во текот на денот — кратки паузи, свесно дишење и лични ритуали за опуштање. Тоа се теми што нè поттикнуваат да размислиме колку простор оставаме за одмор и за сопствените потреби меѓу секојдневните обврски.

Со „Во рамнотежа“, Баланс+ отвора разговори за исхраната, секојдневните навики и грижата за себе. Втората епизода нè повикува подобро да ги препознаеме сигналите на телото и да им пристапиме на промените со реални очекувања, трпение и помалку притисок.

Погледнете ја целосната втора епизода со Бојана Стојменовиќ Петровска на YouTube каналот на Бимилк.

„Exit“ се враќа во Нови Сад: „Слободата се врати во Србија“

„Exit“ се враќа во Нови Сад: „Слободата се врати во Србија“
Фото: Опсервер

Музичкиот фестивал „Exit“ се враќа на Петроварадинската тврдина следниот јули, објавија организаторите, иако првично беше планирано враќање со полн капацитет дури во 2028 година.

„По три дена славење на оваа историска победа, со огромна радост потврдуваме: ’Exit‘ се враќа дома“, соопштија од фестивалот на своите официјални канали на социјалните мрежи.

Организаторите потсетија дека претходно изјавиле оти „Exit“ ќе се врати штом слободата ќе се врати во Србија. Според нив, тој момент пристигна благодарение на храброста, одлучноста и истрајноста на студентите.

„Првично го планиравме нашето враќање за 2028 година, бидејќи организирањето на настанот во полн обем, онака како што ние го замислуваме, бара најмалку 18 месеци подготовки. Но, вие нè опсипавте со толку многу љубов“, велат организаторите.

Тие понатаму објаснуваат дека добиле огромен број пораки и коментари; големото медиумско внимание јасно покажало дека публиката не може да чека толку долго – а не можеле ниту тие.

„Затоа, иако големото враќање на ’Exit‘ првично беше планирано за 2028 година, ќе се собереме на Тврдината уште следниот јули. Ќе славиме слобода, единство и љубов преку едно посебно ’Exit‘ искуство, кое наскоро ќе го откриеме“, се наведува во соопштението.

Како потсетување, организаторите на „Exit“ претходно изјавија дека фестивалот во Србија бил „фактички забранет“ поради поддршката што им ја пружиле на студентите. Како резултат на тоа, настанот оваа година не се одржа во Нови Сад, каде што се одржуваше 25 години по ред. Овогодинешното издание на фестивалот, пак, се одржа на различни локации ширум светот – од Црна Гора и Малта, па сè до Египет.

Необјасниво заборавање: Науката открива како мозокот избира што да запомни

Необјасниво заборавање: Науката открива како мозокот избира што да запомни
Фото: МКД.мк

Или забораваме што сме сакале да кажеме на состанокот, додека некоја случајна мелодија не ни излегува од глава со денови.

Иако се чини како мозокот да работи против нас, всушност, тој го прави токму она за што е еволутивно програмиран – го избира она што е важно за него, а не она што е важно за нас.

Емоциите го имаат главниот збор

Меморијата никогаш не била ладен, објективен снимач на настани. Сè поминува низ емоциите.

Ако некој случаен детаљ – нечија смеа, необичен мотив на маица, кратка реченица – предизвика силна емоција кај нас, мозокот го регистрира тоа посилно отколку обврските и роковите што не предизвикуваат никакво посебно чувство. Токму затоа ситниците понекогаш ги потиснуваат „важните“ информации. Не затоа што се навистина поважни, туку затоа што биле поживи.

Стресот го брише она што ни е потребно

Кога сме под притисок, кортизолот ја попречува работата на хипокампусот, центарот што управува со паметењето.

Тука настанува парадоксот: токму кога ни е најпотребна концентрацијата, мозокот е зафатен со гаснење на „пожарот“ и нема доволно енергија за да ги складира информациите. Затоа работните задачи, роковите и договорите најчесто ги забораваме токму во деновите кога трчаме на сите страни.

Вниманието е селективно, а мозокот штеди енергија

Секој ден добиваме повеќе информации отколку што воопшто можеме да обработиме. Затоа, мозокот го прави она што мора – филтрира. Сè што ја нарушува рутината добива предност: нечиј тик, необично прашање, звук во позадина. Мала работа што отскокнува се врежува подлабоко од стотина важни реченици кои едноставно поминуваат, не оставајќи никаква трага.

Деталите како сидро на сеќавањето

Понекогаш мозокот случајно поврзува некој настан со детаљ што нема никаква логична врска со него. Се сеќаваме на мирисот во просторијата, а не на содржината на разговорот. На мелодијата во продавницата, а не на причината поради која сме дошле. Тоа е начин мозокот брзо да ги организира информациите и да создаде ментална „кука“ на која ќе го закачи целото доживување.

Мотивација и лично значење

На крајот, мозокот најдобро го задржува она што е во согласност со нашиот идентитет, интереси и вредности. Ако нешто ни ја разбуди љубопитноста или почувствуваме поврзаност, тоа автоматски добива приоритет. Важните информации можат да бидат сосема неутрални, но мозокот ги смета неутралните работи за помалку значајни.

Саутпарк ја промовираа новата песна „Невидлива“

Саутпарк ја промовираа новата песна „Невидлива“
Фото: Опсервер

Денес, 29 октомври, во 12 часот на пладне, бендот Саутпарк направи онлајн промоција на новите песна и видео запис.

Лани Саутпарк ја објавија „Можеби“, подарувајќи ѝ на македонската музичка сцена нумера со совршен баланс помеѓу меланхолија и енергичност, модерен призвук и носталгија.

Аудио микс и мастеринг на песната направи Дамир Пух од ГринРум саунд студио (GreenRoom Sound Studio). Видеото го изработија во целост Дарја Николовска и Никола Спасеноски.

Песната со видео е достапна на YouTube, а наскоро ќе може да се чуе и на сите стриминг платформи.

„Секогаш е возбудливо да се следи процесот на тоа како една идеја прераснува во песна. ‘Невидлива’ е одраз на нашиот бендски призвук и среќни сме што доби форма, звук и слика. Се надеваме дека секој ќе ја доживее на свој начин.“

Саутпарк ги познаваме и од скопскиот ноќен живот, а свират од 2004 година. Членови на бендот се Светлана Јовановска со својот моќен и препознатлив вокал, Виктор Николовски на бас гитара, Христијан Ристески на гитара и Благојче Пенов на тапани. Зад себе бројат илјадници настапи и бројни студиски изданија како индивидуални музичари.

Чоколаден колач што се топи

Чоколаден колач што се топи
Фото: sanctumsolitude, Wikimedia Commons (CC BY 2.0)

Течно јадро од чоколадо под тенка печена покривка.

Време25 минутиПорции4 калапчињаТежинаЛесно
Видео: како се подготвува рецептот, чекор по чекор.

Состојки

  • 120 г црно чоколадо
  • 100 г путер
  • 2 јајца
  • 60 г шеќер
  • 40 г брашно

Подготовка

  1. Стопете го чоколадото со путерот на водена бања.
  2. Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте го чоколадото и брашното.
  3. Истурете во намастени калапчиња и печете на 200 °C точно 10 минути.
  4. Служете веднаш, додека јадрото е течно.

Џенифер Лоренс за естетските зафати: „Сакам да бидам секси мајка“

Џенифер Лоренс за естетските зафати: „Сакам да бидам секси мајка“
Фото: Опсервер

Иако во минатото неколку пати изјави дека нема намера да се подложува на естетски зафати, актерката Џенифер Лоренс сега сака да направи корекции на одредени делови од своето тело.

Џенифер Лоренс е ѕвездата на насловната страница на списанието The Cut. Во интервјуто за ова издание, актерката разговараше за различни теми, вклучително и за физичката убавина.

Иако претходно тврдеше дека не сака да „легне под нож“, се чини дека во меѓувреме го променила мислењето; таа откри дека веќе направила зафат за подигнување на градите по раѓањето на своето второ дете. Додаде и дека планира да направи затегнување на лицето.

„Сакам да бидам секси мајка. Кога ги оставам децата во градинка, сакам да изгледам како жена која има сè под контрола – дури и кога тукушто сум се разбудила, а всушност владее целосен хаос“, изјави актерката, која има два сина со својот сопруг, Кук Марони.

Нов потфат
Покрај естетските зафати, Лоренс зборуваше и за својот бренд за нега на коса, Mes. Таа се осврна на шпекулациите дека ја основала компанијата за да си ја обезбеди финансиската иднина.

„Паметниот начин да си ја обезбедам иднината ќе беше да прифатам улога во некоја голема филмска франшиза. Да основаш компанија само за да се збогатиш е исто како да скокнеш од крузер, надевајќи се дека ќе завршиш на дрвена врата“, се пошегува актерката.

Развиен нов тип клетка чувствителна на светлина: Може да стане „жив“ пејсмејкер

Развиен нов тип клетка чувствителна на светлина: Може да стане „жив“ пејсмејкер
Фото: МКД.мк

Нова биоинженерски создадена клеточна структура се контролира со помош на светлина, користејќи технологија за која е доделена Нобеловата награда во 2026 година, изјави за новинарите заменик-директорот на центарот, Александар Романов.

Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им беше доделена на тројца истражувачи за откривањето на првите јонски канали чувствителни на светлина, кои можат да се вградат во клеточната мембрана и да се „обучат“ да реагираат на светлина. Ова откритие им овозможува на научниците да создаваат нови протеини контролирани од светлина, за каква било намена.

„Добивме и тестираме нов тип клетки и веруваме дека оваа почетна фотосензитивност ќе ја подобри нивната ефикасност. Значи, секако, не ја добивме Нобеловата награда, но сепак, тоа сугерира дека, така да се каже, работевме во вистинската насока“, рече научникот, според агенцијата ТАСС.

Биоинженери од МФТИ и аритмолози од Центарот „Мешалкин“ одгледувале клетки контролирани од светлина, поставени на специјални полимерни скелиња и имплантирани во срцето.

Идејата на научниците е да им се овозможи на клетките да функционираат природно, а воедно да им се овозможи на лекарите да го регулираат срцевиот ритам однадвор користејќи светлосни сигнали.

За да го постигнат ова, истражувачите користат посебни протеини чувствителни на светлина, кои можат да преминат од една состојба во друга кога се изложени на светлина со одредена бранова должина, со што ги стимулираат или смируваат клетките.

Предвидено е лекарите да можат да ги стимулираат клетките за да ја контролираат аритмијата, користејќи посебен уред со спектар на сина светлина и бранова должина од приближно 460 нанометри. Според Романов, за оваа намена, под кожата би можела да се вгради специјална капсула што емитува светлина, или пак на трупот на пациентот, во близина на градниот кош, би можел да се постави завој.

Кардиохирурзите во експериментална операциона сала имплантираа нова група клетки-пејсмејкери чувствителни на светлина во срцето на минијатурно прасе.

Прво, тие користеле специјален полимерен супстрат, а потоа ги инјектирале клетките во срцето преку шприц во форма на специјални микрокапсули.

„Ефектот би требало да трае пет до седум дена“, нагласи Романов.

Продолжен рокот за аплицирање на конкурсот за проекти од национален интерес

Продолжен рокот за аплицирање на конкурсот за проекти од национален интерес
Фото: Опсервер

Се продолжува рокот за електронско аплицирање за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година, соопшти Министерството за култура и туризам.

Рокот се продолжува до 6 ноември (петок), до 15:30 часот.

„Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура и туризам“, се наведува во соопштението.

Пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.