Прескокни до содржината
Реклама

Додик го смени тонот по поразот на Вучиќ, сега сака добри односи со победниците

Додик го смени тонот по поразот на Вучиќ, сега сака добри односи со победниците
Фото: МКД.мк

Додик, кој до неодамна политичките противници на Вучиќ ги нарекуваше „расипани“ и „платеници“, сега порачува дека за Република Српска е најважно да одржува добри односи со Србија, без оглед на тоа кој е на власт.

„Мора да водиме сметка да градиме најдобри односи со Србија и ние во власта во Република Српска не калкулираме во тој поглед. Најдобрите односи со властите за нас се примарна политичка задача“, изјави Додик за телевизијата АТВ.

Тој потсети дека своевремено го поддржувал и поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, нагласувајќи дека негова обврска е да соработува со официјално избраните претставници на Србија.

„Ние од Република Српска мора така да постапуваме. Мора да бидеме со официјално избраните луѓе во Србија“, рече Додик.

Само една недела пред изборите, Додик ги повикуваше гласачите од Република Српска да го поддржат Вучиќ, а за студентското движење тврдеше дека неговиот политички пораз ќе биде историски настан.

„Ете, се обидовте, не успеавте, народот не ве сака, довидување, пријатно“, им порачуваше тогаш на противниците на Вучиќ.

Но, по изборната победа на Студентската листа, која освои околу 140 од 250 пратенички места, Додик уште истата вечер им ја честиташе победата на студентите.

„Ѝ честитам на Студентска листа за победата. Граѓаните на Србија и сите политички чинители уште еднаш го покажаа демократскиот карактер на еден од најстарите државотворни народи во Европа“, напиша Додик, додавајќи: „Гласот на народот е гласот на Бога“.

Додик изборната ноќ ја помина во штабот на Српската напредна партија во Белград, каде што присуствуваше и кога Вучиќ го призна изборниот пораз.

Сега, и покрај острите критики што ги упатуваше кон студентското движење, Додик порачува дека сака добри односи со сите што ќе ја предводат Србија.

„А како јас да избегнам добри односи? Сакам да имам добри односи со сите“, изјави тој.

Работнички и Куманово ќе ја „наполнат“ касата на КФМ со 148.000 денари

Работнички и Куманово ќе ја „наполнат“ касата на КФМ со 148.000 денари
Фото: МКД.мк

Двата клуба добија високи парични казни поради инцидентите на трибините за време на нивниот меѓусебен дуел, но и поради техничките грешки направени во текот на натпреварот. Работнички ќе треба да плати вкупно 82.400 денари, додека сметката на Куманово изнесува 66.400 денари.

Работнички заработи казна од 30.000 денари поради плукање кон службени лица, а дополнителни 30.000 денари ќе мора да плати поради фрлање тврди предмети на теренот.

Казнети се и поединци од клубот. Говенс поради две технички грешки, ќе треба да плати 6.400 денари, додека Фатјон Реџа е санкциониран со 16.000 денари за неспортско однесување. Ниту Куманово не помина без санкции. Клубот доби две казни од по 30.000 денари поради плукање кон официјалните лица и фрлање предмети на теренот од страна на навивачите.

Дополнително, Стефан Фундиќ ќе мора да плати 3.200 денари поради техничка грешка, а идентична сума ќе плати и клубот поради техничката грешка што ја заработи клупата за време на натпреварот.

Двата клуба заедно ќе издвојат дури 148.800 денари за санкциите изречени по нивната меѓусебна пресметка.

Јавниот долг заклучно со крајот на оваа и следната година ќе биде под 60 отсто

Јавниот долг заклучно со крајот на оваа и следната година ќе биде под 60 отсто
Фото: Нетпрес

Јавниот долг заклучно со крајот на годинава и следната година ќе биде под 60 отсто. Растот е проектиран за следната година на 3,8 отсто, зборуваме за реален раст, а инфлацијата на 3,2 отсто во услови кога инфлацијата на светско ниво е проектирана на 4,1 отсто. Ние до овој период покажавме како Влада со мерките кои ги преземаме дека успеваме да ја држиме инфлацијата на пониско ниво од она што значи Европа, па и светот, истакна во петокот министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Во однос на тоа што се очекува со приходите, министерката рече дека тие се многу внимателно проектирани, за секој приход има методологија која е потпомогната низ годините наназад од страна на Меѓународниот монетарен фонд и врз основа на тоа се правени проекциите.

„Најпесимистички сме настроени во делот на акцизите каде ги имаме зголемено за 1,5 милијарда денари и тоа нормално е дека очекуваме да имаме раст кај акцизите од тутун и алкохолни пијалаци. Тоа е нешто што го очекуваме дека ќе имаме пораст на количини, имаме и промени во делот кај тутунот со царинските стапки. Така што тука очекуваме и имаме песимистичко сценарио. Не мислам дека имаме некоја грешка во проекциите во тој дел. Во 2026 година направивме корекции единствено само во делот на акцизите. Во другиот дел ние корекции немаме направено. Очекувањата се дека ќе имаме реализација на Буџетот, единствено нешто што ќе видиме е во делот на данокот на добивка, затоа што во него го евидентиравме солидарниот данок“, посочи Димитриеска-Кочоска.

Исто така, потенцираше министерката, е предвидено и за идната година така да го прикажеме солидарниот данок кој го враќаме и во суштина го сторнираме од данокот на добивка и имаме повеќе наплатено данок на добивка, но заради парите кои ги враќавме назад, не беше обврска која ние ја создадовме туку претходната влада, ние имаме прикажување на данокот на добивка во помала наплата од тоа што реално е наплатено.

„За следната година бевме исто така повнимателни, бидејќи на крајот тука ќе бидат прикажувањата и следната 2027 година имаме уште 1,5 милијарди денари да вратиме од солидарниот данок“, додаде Димитриеска-Кочоска.

Завршија археолошките истражувања на локалитетот „Ограѓе“

Завршија археолошките истражувања на локалитетот „Ограѓе“
Фото: Нетпрес

Успешно завршија овогодинешните археолошки ископувања на неолитскиот локалитет „Ограѓе“ во скопското село Орман. Годинава стручниот тим од Археолошкиот музеј работеше северозападно од местото каде во 2019 година Градскиот конзерваторски центар од Скопје вршеше заштитни ископувања во кои беа пронајдени остатоци од куќа стара осум илјади години, објави Националниот Археолошки музеј.

Новите откритија дадоа археолошки докази за тоа како изгледал секојдневниот живот на првите жители на оваа област.

„Меѓу пронајдените предмети особено се издвојуваат: фигурини со човечки и животински ликови кои ни откриваат дел од верувањата и уметноста на овие луѓе, керамички садови и камени и коскени алатки што се користеле во тогашните кујни и работилници. Во текот на ископувањата беа откриени остатоци од огништа и отпадни јами“, велат од Музејот.

Овој значаен проект беше поддржан од Министерството за култура и туризам, и е дел од годишната програма за работа на Археолошкиот музеј. Со истражувањата раководеше м-р Буњамин Џемаиљи, а стручниот тим од Археолошкиот музеј го сочинуваа: м-р Елена Стојанова Канзурова, д-р Перо Синадиновски, д-р Роберт Петковски, м-р Благоја Китановски и Јовица Ристов.

Овие пронајдоци се уште еден доказ дека Скопскиот регион крие богата предисторија која постојано го привлекува вниманието на научната и пошироката јавност.

1 на 8

Во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево се формира библиотека

Во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево се формира библиотека
Фото: МКД.мк

Имено, идејата, уште минатата година, со радост беше прифатена од семејните пријатели на Светлана Христова – Јоциќ и сопругот Владо Јоциќ, Мила и Мите Ноневски од Ресен, коишто се ангажираа истата да ја реализираат.

Од оваа посветеност, произлезе иницијативата на Мила Гулеска-Ноневска да се формира библиотечно катче во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево.

Директорот Благоја Китановски и неговиот тим со големо задоволство и ентузијазам ја прифатија оваа иницијатива, а семејството Ноневски дополнително обезбеди и раритетна донација – 125 години стара витрина од дабово дрво, увезена од Холандија.

Вчера и официјално беа предадени првите 200 наслови (поезија, проза, монографии, култни списанија и сл.). Најголемиот дел од насловите потекнуваат од библиотеката на Светлана и Владо Јоциќ, а десетици наслови се донација од библиотека на семејството Ноневски, од писателот Зоран Анчевски, како и од библиотеката на уметничкиот центар Арт поинт Гумно од селото Слоештица со кој раководат Сергеј и Ирена Андреевски, синот и снаата на Светлана Христова – Јоциќ.

Директорот Китановски информираше дека веќе имаат одредено лице коешто со голема посветеност ќе раководи со библиотечниот фонд, а во најскоро време ќе бидат поставени и дополнителни полици за сите наслови што ќе бидат донирани во иднина.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика шпекулации, хирурзи проценуваат дека зафатите би можеле да чинат илјадници долари

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика шпекулации, хирурзи проценуваат дека зафатите би можеле да чинат илјадници долари
Фото: Опсервер

Новиот изглед на холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а неколку пластични хирурзи изнесоа претпоставки за можните естетски зафати на нејзиното лице. Сепак, актерката не потврдила дека направила такви операции, пишува „Пејџ сикс“.

Пластичниот хирург Шон Мекнали процени дека комбинација од операција на горните очни капаци и подигнување на веѓите би чинела околу 15.000 долари, додека кај најбараните хирурзи во Лос Анџелес и Беверли Хилс цената би можела да надмине 30.000 долари.

Шпекулациите се појавија по фотосесијата на актерката за списанието „Д Кат“, кога вниманието го привлече нејзиниот изглед, особено пределот околу очите.

Хирургот Семјуел Голпанијан смета дека очите на Лоренс изгледаат поотворено, а веѓите благо подигнати, што би можело да биде резултат на естетски зафати. Сепак, други специјалисти посочуваат дека сличен ефект може да се постигне и со ботокс, филери или ласерски третмани.

Лекарите нагласуваат дека актерката не била нивна пациентка и дека нивните проценки се засноваат исклучиво на фотографии.

Лоренс претходно јавно призна дека направила операција на градите и дека користи мали количества ботокс, но не потврдила никакви хируршки интервенции на лицето.

Три хороскопски знаци ги очекуваат финансиски можности во ноември

Три хороскопски знаци ги очекуваат финансиски можности во ноември
Фото: Опсервер

Ноември би можел да донесе значителни финансиски промени за три хороскопски знаци – Бик, Шкорпија и Вага. Според астролошките предвидувања, ги очекуваат можности за дополнителна заработка, враќање стари долгови и зголемување на платата.

Бик – Пари од неочекуван извор

Биковите би можеле да добијат пари што одамна ги позајмиле и речиси заборавиле на нив. Дополнително, на работното место може да им се отвори можност за нов ангажман што ќе им донесе поголеми приходи. Астролозите ги советуваат да не ги одбиваат новите деловни понуди.

Шкорпија – Дополнителна заработка и финансиско олеснување

Шкорпиите би можеле да заработат од продажба на предмети што повеќе не ги користат, како автомобил, техника или други вредни работи. Можни се и дополнителни извори на приходи што ќе им помогнат да ги подмират заостанатите обврски и да го растоварат домашниот буџет.

Вага – Зголемување на платата

За Вагите, ноември би можел да донесе признание за досегашниот труд, зголемување на платата или нова, подобро платена работа. Нивното искуство и посветеност би можеле да им помогнат да изборат подобри работни услови и поголема финансиска стабилност.

Стојанче Јовановски останува со казна од 12 години затвор, Врховниот суд го одби неговото барање

Стојанче Јовановски останува со казна од 12 години затвор, Врховниот суд го одби неговото барање
Фото: Опсервер

Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за Стојанче Јовановски, со што останува во сила казната од 12 години затвор.

Јовановски е осуден за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, во случајот со неговата сопруга Ивана, која скокна од зграда заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.

Од Врховниот суд соопштија дека одлуката е донесена на седница одржана на 21 октомври 2026 година, по разгледување на барањето поднесено од осудениот преку неговите бранители.

Со тоа остануваат во сила пресудите на Основниот кривичен суд Скопје од 7 мај 2026 година и на Апелациониот суд Скопје од 18 јуни 2026 година.

Полскиот претседател итно се враќа во земјата по случувањата во Уставниот суд

Полскиот претседател итно се враќа во земјата по случувањата во Уставниот суд
Фото: Опсервер

Полскиот претседател Карол Навроцки во петокот го прекина патувањето во Сенегал и одлучи да се врати во Полска, откако полицијата интервенираше во просториите на Уставниот суд, а претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, беше суспендиран, пренесува Ројтерс.

„Во ваков момент претседателот мора да биде во Полска. Го прекинувам патувањето во Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата Икс.

Полската полиција соопшти дека нејзини припадници интервенирале на територијата на Уставниот суд по инциденти пред зградата, при кои кон полицајците биле фрлани опасни предмети.

На интернет-страницата на полскиот Уставен суд беше објавено соопштение дека претседателот на институцијата, Богдан Швјенчковски, во петокот бил суспендиран од должноста.

Долготрајниот политички спор околу Уставниот суд практично ја парализирал работата на оваа институција, наведува Ројтерс.

Навроцки, кој е сојузник на поранешната полска влада, претходно годинава одби да ја прими заклетвата на тројца од шесте судии избрани од парламентот. Од друга страна, Швјенчковски одби да им овозможи на судиите избрани од актуелното парламентарно мнозинство да стапат на должност.

Турлитава со свинско и сезонски зеленчук

Турлитава со свинско и сезонски зеленчук
Фото: Novica Nakov, Wikimedia Commons (CC BY-SA 2.0)

Турлитава значи „секаква тава“ — и токму тоа е убавината: што има на пазарот, тоа влегува во ѓувечот. Долгото заедничко печење прави чудо — компирот го впива сокот од месото, доматот сè поврзува, а лажицата ориз тивко го згуснува сосот.

Време100 минутиПорции6ТежинаСредно

Состојки

  • 500 г свинска плешка, исечена на коцки
  • 3 средни компири, на крупни коцки
  • 2 тиквички, на колца
  • 3 пиперки, на ленти
  • 2 зрели домати, на парчиња
  • 200 г боранија, свежа или смрзната
  • 2 главици кромид, сечкани
  • 100 мл сончогледово масло
  • 2 лажици ориз
  • 1 лажица благ мелен црвен пипер
  • сол, свежо мелен бибер и врзинка магдонос

Подготовка

  1. Во тава на половина од маслото запржете го месото до румена корка, па додадете го кромидот и динстајте уште 5 минути. Тргнете од оган и вмешајте го црвениот пипер.
  2. Во длабок ѓувеч или тепсија измешајте го целиот зеленчук со месото, оризот, останатото масло, сол и бибер.
  3. Залејте со 300 мл топла вода, покријте со капак или фолија и печете на 200°C околу 60 минути.
  4. Откријте ја тавата и печете уште 20 минути, додека течноста не се повлече и површината не порумени.
  5. Пред служење посипете сечкан магдонос и оставете ѓувечот да одмори 15 минути — тогаш вкусовите се смируваат и се спојуваат.
Совет од кујната: Не додавајте повеќе од две лажици ориз — тој е тука да го врзе сокот, не да го испие. Со повеќе ориз турлитавата излегува сува.