
Работнички заработи казна од 30.000 денари поради плукање кон службени лица, а дополнителни 30.000 денари ќе мора да плати поради фрлање тврди предмети на теренот.
Казнети се и поединци од клубот. Говенс поради две технички грешки, ќе треба да плати 6.400 денари, додека Фатјон Реџа е санкциониран со 16.000 денари за неспортско однесување. Ниту Куманово не помина без санкции. Клубот доби две казни од по 30.000 денари поради плукање кон официјалните лица и фрлање предмети на теренот од страна на навивачите.
Дополнително, Стефан Фундиќ ќе мора да плати 3.200 денари поради техничка грешка, а идентична сума ќе плати и клубот поради техничката грешка што ја заработи клупата за време на натпреварот.
Двата клуба заедно ќе издвојат дури 148.800 денари за санкциите изречени по нивната меѓусебна пресметка.



