Прескокни до содржината
Реклама

Преглед на тениските турнири: Медведев и Алкараз за финалето во Виена, Фриц и Вашеро во полуфиналето во Базел

Преглед на тениските турнири: Медведев и Алкараз за финалето во Виена, Фриц и Вашеро во полуфиналето во Базел
Фото: Нетпрес

Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев, ја сочинуваат прватам полуфинална двојка на турнирот ATP 500 во затворен простор во Виена, додека во швајарски Базел, Американецот Тејлор Фриц и Монежанецот Валентен Вашеро стигнаа до полуфиналето.

Алкараз го победи Американецот Томи Пол (АТП-14-ти) со 6-4, 7-6 (2), додека Медведев (АТП-5-ти) го победи францускиот квалификант Адриан Манарино (АТП-73-ти) со 6-2, 6-3 за да ја обезбеди својата седма победа по ред, која започна со освојувањето на титулата минатата седмица на турнирот во Алмати.

В сабота Алкараз и Медведев ќе го одиграат својот десетти натпревар, а Шпанецот ќе влезе со резултат од 6-3 меѓусебните средби.

Во преостанатите две полуфиналиња во Виена ќе се соочат првиот носител Александар Зверев од Германија и Артур Фери од Велика Британија, како и петтиот носител Алекс де Минор од Австралија и Матео Беретини од Италија.

Валентен Вашеро (ВТА-31-ти), минатогодишниот сензационален победник на Мастерсот во Шангај, стигна до полуфиналето на турнирот во сала во Базел, победувајќи го Данецот Холгер Руне (АТП-1202-ри) во четвртфиналето со 6-3, 3-6, 6-3, со што го спречи повторно да стигне до полуфиналето на АТП турнир по една година. Имено, толку време помина од полуфиналниот дуел на минатогодишниот турнир во Стокхолм, во кој Руне ја повреди Ахиловата тетива и остана надвор од теренот речиси една година.

Вашеро ќе се бори за место во финалето против Американецот Тејлор Фриц (АТП-13-ти), кој го освои своето место во полуфиналето победувајќи го Французинот Артур Фис (АТП-8-ми). Францускиот тенисер повторно почувствува болка во грбот и реши да ја прекине тортурата кога Фриц имаше предност од 6-2, 2-0.

Другата полуфинална двојка ќе биде познат по преостанатите две четвртфиналиња, во кои ќе се сретнат домашниот претставник Жером Ким (АТП-222-ри) и осмиот носител Чехот Јиржи Лехечка (АТП-21-ви), како и Германецот Јан-Ленард Штруф (АТП-47-ми) и Португалецот Нуњо Борхеш (АТП-53-ти).

АТП 500 Базел – Четвртфинале
Валентен Вашеро (Монако) – Холгер Руне (Данска) 6-3, 3-6, 6-3
Тејлор Фриц (САД/6) – Артур Фис (Франција/2) 6-2, 2-0, предадена

АТП 500 Виена – Четвртфинале
Даниел Медведев (Германија/3) – Адриан Манарино (Франција) 6-2, 6-3
Карлос Алкараз (Шпанија/2) – Томи Пол (САД/7) 6-4, 7-6 (2)

ВТА 500 Токио – Четвртфинале
Лејла Фернандез (Канада) – Елена Рибакина (Казахстан/1) предадена без борба
Камила Рахимова (Узбекистан) – Маја Џоинт (Австралија) 7-5, 5-7, 6-1
Дијана Шнајдер (Русија/3) – Александра Еала (Филипини/8) 2-6, 7-6 (5), 6-4
Миа Поханкова (Сливалка) – Алисија Паркс (САД) 7-6 (3), 6-3

ВТА 250 Гуангжу – четвртфинале
Кејтлин Кеведо (Шпанија) – Џил Тејхман (Швајцарија) 7-6 (2), 6-3
Лили Тагер (Австрија/4) – Ши Хан (Кина) 6-4, 3-6, 7-5
Сун Ксинран (Кина) – Клер Лиу (САД) 7-5, 7-6 (2)
Хариет Дарт (Велика Британија) – Пола Бадоса (Шпанија/5) 3-6, 6-2, 6-4

Афера со европски пари во Хрватска: општински функционер осомничен дека им ги реновирал куќите на децата

Афера со европски пари во Хрватска: општински функционер осомничен дека им ги реновирал куќите на децата
Фото: МКД.мк

Хрватскиот портал Индекс објави содржина од пораки и разговори собрани во истрагата, кои, според сомнежите на обвинителите, покажуваат како приватни трошоци се прикажувале во рамките на јавни проекти.

„Па, тоа требаше да се протне низ проектите што се работат“, му напишал Ага на претприемачот Хрвоје Моќан, сопственик на фирмата Експерт градња, кога тој го прашал како да ги регулира сметките за градежниот материјал наменет за семејството на началникот.

Моќан пред истражителите изјавил дека Ага барал преку проекти финансирани од Европската Унија да се плаќаат материјали за куќите на неговиот син и ќерка, како и поставување плочки во куќата на синот.

Истражителите утврдиле дека од октомври 2023 до јуни 2024 година биле издадени фактури во вкупна вредност од 12.150 евра за материјали наменети за семејството на Ага. Дали овие трошоци навистина биле покриени со европски средства е предмет на истрагата.

Обвинителите испитуваат и сомнежи за местење тендери за реконструкција на општествен дом, како и можни неправилности во друг проект за енергетска обнова, вреден 226.793 евра. Според сомнежите, биле барани пресметки и за работи што сè уште не биле изведени.

Ага бил уапсен, а по испитувањето бил пуштен да се брани од слобода. Индекс објави дека признал малверзации со европските средства, без да прецизира кои конкретни дејства ги признал.

Во меѓувреме, Ага поднесе оставка на функцијата началник на општината Решетари.

Радичевски: Општината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадност, затоа во недела да излеземе сплотени и да заокружиме број 1

Радичевски: Општината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадност, затоа во недела да излеземе сплотени и да заокружиме број 1
Фото: Опсервер

„Овој поглед ме прави горд и ми дава дополнителна сила да продолжиме да ја негуваме и да ја сочуваме силата на единството. Кога ве гледам пред мене сите сплотени и обединети е порака дека Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот. Таа е и обврска резултатите да продолжат, а и доверба што треба да ја оправдаме со конкретни дела“, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски на денешниот завршен митинг пред вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат во недела на први ноември.

„Вечерва ви се обраќам како ваш пријател, познаник и сосед, како човек кој ја сака Брвеница и сака нашата општина да биде успешна. Во изминатиот период со многумина од вас ја споделив својата визија за иднината на општината, секој разговор, секоја средба, секоја искажана потреба се одговорност, а таа одговорност бара посветеност, присуства на терен и конкретна работа. Во наредните години, пред нас се важни предизвици, тоа се проблеми со водоснабдувањето, локални патишта, зимско одржување, условите во училиштата и можностите за младите. Сите овие прашања бараат сериозен пристап, планирање и решенија што ќе го подобрат секојдневието на граѓаните“, истакна Радичевски.

Тој упати порака дека Брвеница не припаѓа ниту на една партија, ниту на една етничка заедница, туку припаѓа на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничката, верската или политичката припадност.

„Сакам да бидам јасен, оваа општина не припаѓа на една партија, ниту на една етничка заедница. Брвеница е на сите што живеат овде во Брвеница, Седларце, Стенче, Волковија, Блаце, Милетино, Радиовце, Челопек и Гургурница, на сите без исклучок. Никој не треба да биде исклучен, потценет или заборавен, ќе продолжиме да живееме едни покрај други, да ги споделуваме истите предизвици и да работиме за подобра иднина. Нашето заедништво е вредност што треба да го чуваме. Брвеница има потреба од дијалог, меѓусебна почит и заедничка одговорност. Македонци, Албанци, Турци и припадници на сите други заедници треба да имаат еднакви можности, достоинствени услови за живот и перспектива на своите семејства. Нашата визија треба да биде насочена кон иднината, кон развојот, кон конкретни резултати. Развојот на општината не смее да познава поделби. Секое населено место заслужува внимание, секој граѓанин заслужува почит, а секоја добра идеја заслужува поддршка“, потенцираше Радичевски.

Радичевски истакна дека можностите за младите, квалитетно образование, подобра инфраструктура и создавањето на услови за економски развој се приоритетите што бараат долгорочна посветеност, затоа што младите треба да имаат можност да ја градат својата иднина покрај своите родители и покрај своето семејство и на своето огниште, да имаат можност да работат, да создаваат, да ги градат своите домови во општината во која пораснале.

Една Брвенца за сите, додаде Радичевски, е визија на долгорочен и рамномерен развој, тоа е идејата што ги опфаќа сите населени места, сите генерации и сите граѓани, зошто Брвеница има потреба од заедничка одговорност, соработка и конкретни проекти што ќе донесат подобар живот и нашата иднина ќе ја градиме со јасни приоритети, со посветеност и со почит кон секој човек.

„За нашата општина, за нашите деца и за нашите идни генерации, во недела ве повикувам да ја продолжиме идејата за една Брвеница за сите, да гласаме за бројот 1, да ја заокружиме заедничката победа, да ја сочуваме силата на единството. Една Брвеница за сите“, повика на крај кандидатот за градоначалник, Стојанчо Радичевски.

Американски OFAC ја продолжи лиценцата на NIS до 11-ти декември

Американски OFAC ја продолжи лиценцата на NIS до 11-ти декември
Фото: Нетпрес

Бирото за контрола на странски средства (OFAС) на Министерството за финансии на СтАД издаде нова лиценца за работа на Нафтената индустрија на Србија (NIS) со нов рок на важење до 11-ти декември, објави на својата веб-страница во петокот компанијата која беше предмет на санкции од САД поради мнозинско руско сопствеништво,

Претходната лиценца важеше до 30-ти октомври, а продолжувањето овозможи продолжување на работењето на компанијата и работењето на рафинеријата за нафта во Панчево, која се снабдува со сурова нафта и преку хрватскиот Јадрански нафтовод (Janaf) по европските санкции за руската нафта.

Новата лиценца ќе овозможи „одржување на бизнисот, договорите и другите договори што го вклучуваат NIS или неговите оперативни подружници, вклучувајќи рафинирање, увоз на сурова нафта, трансакции потребни за безбедност на снабдувањето и техничко одржување, како и финансиски порамнувања“, се вели во соопштението.

Вашингтон воведе санкции врз рускиот енергетски сектор на почетокот на 2025 година, кои го вклучуваат NIS поради рускиот удел од 56,15 отсто.

Неизвесноста со NIS трае речиси две години, откако американската администрација претходно ја продолжи лиценцата што ѝ дозволува и на унгарската компанија MOL да преговара со руската компанија „Газпромњефт“ за продажба на мнозинскиот руски удел во NIS.

Српската влада, сега во технички мандат, потпиша договор за акционери со MOL на 16-ти јуни за идното управување со NIS. Овој договор, под услов MOL усшешно да го откупи уделот на „Газпромњефт“, ќе ѝ овозможи на унгарската компанија да стане мнозински сопственик на NIS.

Кетрин Зета-Џонс му поставила услов на Мајкл Даглас на почетокот на врската, морал да им се јави на пет жени

Кетрин Зета-Џонс му поставила услов на Мајкл Даглас на почетокот на врската, морал да им се јави на пет жени
Фото: Опсервер

Мајкл Даглас откри дека на почетокот на врската со Кетрин Зета-Џонс морал да престане да се гледа со пет други жени, откако актерката му поставила јасен услов доколку сака да бидат заедно.

Осумдесет и двегодишниот актер раскажал за тоа во емисијата „The Graham Norton Show“, а повеќе детали открил и во своите нови мемоари „One Helluva Ride“, пренесува „Пејџ сикс“.

„Додека ѝ се додворував на Кетрин, таа ми рече: ‘Ако сакаме да бидеме заедно, мора да станеш сериозен’“, се присети Даглас.

Кога ја запознал Зета-Џонс во 1998 година, веќе бил разделен од првата сопруга Диандра Лукер и истовремено се гледал со неколку жени.

„Тој ден ѝ се јавив на секоја од нив и ѝ кажав дека сум запознал некого и дека повеќе не можеме да се гледаме“, напишал актерот во мемоарите, додавајќи дека сите добро ја прифатиле веста.

Даглас и Зета-Џонс се запознале на Фестивалот на американскиот филм во францускиот град Довил, а се венчале во 2000 година во хотелот „Плаза“ во Њујорк. Имаат две деца, синот Дилан и ќерката Керис.

Нивниот брак поминал и низ тежок период, а во 2013 година накратко се разделиле. Сепак, Даглас во мемоарите истакнал дека никогаш не престанал да верува во нивното помирување.

„Ја сакам Кетрин како што никогаш не сум сакал друга жена. Таа е моја сопруга, најдобра пријателка и животна партнерка. Никогаш не би можел да ја изгубам“, напишал актерот.

Криста Пајк првпат проговори по неуспешното погубување, вели дека постојано чувствува болка

Криста Пајк првпат проговори по неуспешното погубување, вели дека постојано чувствува болка
Фото: Опсервер

Американската затвореничка осудена на смрт, Криста Пајк, ја објави својата прва јавна изјава по неуспешниот обид за извршување на смртната казна во септември.

„Од таа ноќ не поминал ниту еден момент без да чувствувам болка“, наведе таа во изјавата што нејзиниот правен тим ја објави во петокот на социјалните мрежи.

„Ме боли целото тело. Ме болат рацете. Ме болат дланките. Ме боли грлото. Сè уште имам тешкотии со говорот. А болката не е само физичка. Постои болка во мојот ум и во мојата душа“, изјави Пајк.

Педесетгодишната Криста Пајк беше отпуштена од болница по неуспешното погубување на 30 септември, кога преживеа две дози од смртоносната инјекција со пентобарбитал. По постапката, таа се наоѓаше во критична здравствена состојба.

Гувернерот на американската сојузна држава Тенеси, Бил Ли, претходно денеска изнесе нови информации за нејзиниот статус, навестувајќи дека Пајк сепак би можела да биде погубена доколку судовите не донесат поинаква одлука.

Димитриеска Кочоска: Од воведувањето на Вториот пензиски фонд не е направена ниедна измена

Димитриеска Кочоска: Од воведувањето на Вториот пензиски фонд не е направена ниедна измена
Фото: Нетпрес

Ние сме единствената држава која од моментот кога го вовела Вториот пензиски столб нема направено никаква промена. Сега се прават сите анализи, ние сме отворени, кога ќе дојде мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ги разгледуваме сите опции, не само во Македонија, ќе ги разгледуваме опциите и во другите земји каде што постоел Вториот столб, бидејќи сега само постои тука – рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарски прашања во Владата.

„Разговаравме и морам да кажам дека кога ги објаснувавме ситуациите што се случуваат во Македонија и како од 2000-та година кога почнал овој проект, бидејќи почнал во 2000-та, а подоцна веќе се донесe и законско решение – замислата била една, тогаш била замислата дека приносот кој што идните пензионери ќе го остваруваат во Вториот столб ќе биде повисоко од она што значи раст на економијата. Во овој момент ние имаме раст на економијата повисок од приносот кој што го остваруваме, а кој што е некаде околу 2 отсто. ​Сето тоа беше објаснето. ​Морам да кажам дека во ММФ привлековме многу големо внимание, имавме средба со заменикот на претседателката на ММФ. Тој рече дека дополнително ќе направат анализи на тоа што се случува во Македонија, ние имаме мисија сега во ноември на ММФ и врз основа на тоа дури и рече дека ќе го искористи како Кејс стади (Студија на случај) за настани кои што ги организираат во Шангај во ноември каде што ќе зборуваат исклучиво за пензиските фондови“, рече министерката.

Истакна дека има држави коишто го национализирале Вториот столб, има држави кои што во текот на 2020 година поради корона кризата запреле со трансфери кон Вториот столб, ​а има и држави кои што имаат различни модалитети и додаде дека сите ги разгледуваат во моментот.

„Но она што е значајно што треба да се каже дека за 2027, имајќи предвид дека ние немаме во моментот какви било законски измени, ние си остануваме и понатаму со тоа дека трансфери кон вториот столб ќе има, тие се предвидени со буџетот“, појасни министерката Димитриеска Кочоска.

Рече и дека кога се разгледуваат можни опции, не станува збор дали да се затвори или да не се затвори каква било дупка во Фондот.

„Би порачала на секој еден млад човек, којшто одвојува средства за Вториот столб, повеќе да посветите внимание на пресметките и да видите дали навистина Вториот столб ги дава резултатите и дали вие ќе бидете задоволни со тоа што ќе го добиете кога ќе се пензионирате“., – рече министерката.

Димитриеска Кочоска потсети дека две третини од пензијата којашто ќе се остварува во иднина ќе доаѓа од државниот фонд, една третина ќе доаѓа од Вториот столб.

„И таа една третина ќе доаѓа толкав период колку што ние ќе кажеме кога ќе се пензионираме на пензиското друштво, на пример пет години, по што ќе направат план и така ќе ни ги исплаќаат средствата. ​Притоа што после тие пет години, значи ние остануваме понатаму да чекаме пензија од државниот пензиски фонд? ​И ако мислиме дека ќе пропадне, тогаш од старт значи да очекуваме дека ние нема да може да преживееме и да се прехраниме. ​Затоа не смееме да размислуваме така, туку напротив дека точно треба да гледаме како да го стабилизираме фондот, треба да гледаме како понатаму, но затоа велам, сега се прават сите анализи, ние сме отворени“, посочи министерката.

Ден претходно премиерот Христијан Мицкоски истакна дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да се размисли што да се направи за да се спречат евентуални проблеми во иднина, особено, како што нагласи, поради тоа што реформата што била спроведена во пензискиот сисем со воведување задолжителен втор столб не ги дала посакуваните резултати. Правецот во кој се размислува, како што нагласи, е на граѓаните во иднина да им се остави можност да изберат дали би сакале да издвојуваат средства и во вториот или би останале само во првиот – државниот фонд, но за тоа, нагласи е потребна експертска јавна дебата. Тој вели дека ќе преземе се што е потребно доколку е тоа во интерес на македонските граѓани без разлика на политичката цена.

Обвинетите за убиството на Данка Илиќ негираа вина, адвокатите тврдат дека нема материјални докази

Обвинетите за убиството на Данка Илиќ негираа вина, адвокатите тврдат дека нема материјални докази
Фото: Опсервер

Подготвителното рочиште во судскиот процес за убиството на двегодишната Данка Илиќ се одржа денеска пред Вишиот суд, со што во Србија официјално започна судската постапка што српската јавност ја очекува повеќе од две години.

Иако поранешните работници на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, седнаа на обвинителната клупа, најголемата мистерија во случајот – каде се наоѓа телото на девојчето – сè уште останува неразјаснета, пишува „Телеграф.рс“.

Двајцата обвинети пред судот се изјаснија дека не се виновни за тешкото убиство што им се става на товар, додека нивните бранители истакнаа дека обвинителството не располага со материјални докази што директно ги поврзуваат обвинетите со исчезнатото девојче.

„Денеска се одржа подготвително рочиште. Обвинителот остана на обвинението, а ние, заедно со нашите клиенти, останавме на ставот дека тие не го извршиле кривичното дело што им се става на товар. Обвинителството ги предложи своите докази, а ние нашите. Ќе бидат сослушани сведоци, вештаци, а обвинетите ќе ја изнесат својата одбрана. Тие се изјаснија дека не се виновни, а одбраната ќе ја изнесат во текот на постапката“, изјави адвокатот на Срѓан Јанковиќ, Живадин Богдановиќ.

Тој додаде дека обвинителството предложило сослушување сведоци, вештачења и читање на списите од предметот.

Бранителката на Дејан Драгијевиќ, адвокатката Вања Живковиќ, нагласи дека недостигаат биолошки траги на клучните места.

„Од 60 вештачења, ниту едно не укажа дека некаде постои ДНК од обвинетите или од Данка и во таа насока ништо не е утврдено“, изјави Живковиќ.

Богдановиќ дополни дека ниту еден материјален доказ не ги поврзува обвинетите со малата Данка, како и дека нема докази дека девојчето воопшто било во возилото на ЈКП „Водовод“, иако биле вештачени околу 500 примероци.

„Главните претреси се закажани за втората половина на ноември и за декември, во блокови од по три дена. Прво ќе бидат сослушани обвинетите, потоа оштетените и нивните родители, а подоцна и сведоците“, изјави адвокатот Богдановиќ.

Меркел сака Германија за првпат во историјата да добие жена претседател

Меркел сака Германија за првпат во историјата да добие жена претседател
Фото: Опсервер

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се заложи Германија за првпат во својата историја да добие жена на претседателската функција, откако на актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во март следната година ќе му истече вториот петгодишен мандат.

„Во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија никогаш не сме имале претседателка“, изјави Меркел во интервју за „Магента ТВ“, додавајќи дека е време да се размисли за таква можност.

„Познавам жени кои би можеле да ја извршуваат таа функција“, рече поранешната канцеларка, но не откри на кои личности мисли.

Новиот германски претседател треба да биде избран на 30 јануари 2027 година од страна на Сојузното собрание, посебно уставно тело задолжено за избор на шефот на државата.

Меѓу можните кандидатки се споменуваат претседателката на баварскиот парламент Илзе Ајгнер, претседателката на Бундестагот Јулија Клекнер, министерката за образование Карин Прин и поранешната лидерка на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Зеленски е подготвен директно да разговара со Путин за територијалните прашања

Фото: Depositphotos
Фото: Опсервер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за територијалните прашања со цел да се стави крај на војната, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, пренесува „Киев пост“.

Во интервју за финскиот весник „Хелсингин Саномат“, Сибиха потврди дека Киев го координирал телефонскиот разговор меѓу Путин, финскиот претседател Александер Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Стере. Тие му ги пренеле на Путин барањето на Украина за прекин на огнот и предлогот за директна средба со Зеленски.

„Ние ја сакаме таа средба и подготвени сме за неа. Веројатно само средба меѓу Зеленски и Путин може да донесе напредок во преговорите. Зеленски е подготвен да разговара за најтешките и најчувствителните теми, вклучително и за територијалното прашање“, изјави Сибиха.

Тој нагласи дека за Киев местото на средбата не е пресудно, сè додека таа не се одржува во Москва или Белорусија. Според него, директните разговори би можеле да овозможат и размена на воени заробеници и враќање на украинските деца однесени во Русија.

Сибиха најави дека во ноември во Абу Даби се очекува продолжување на трилатералните преговори меѓу Украина, САД и Русија, кои треба да покажат дали Москва има сериозна намера дипломатски да ја заврши војната. Тој додаде дека Киев засега не гледа такви сигнали.

Украинскиот министер побара и посилна улога на Европа во мировниот процес, оценувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се приближува до дел од руските барања. Сепак, нагласи дека учеството на Вашингтон останува неопходно за постигнување мир и обезбедување безбедносни гаранции за Украина.

Од друга страна, Кремљ и натаму инсистира евентуалната средба меѓу Путин и Зеленски да се одржи во Москва, што Киев го одбива.