
Од оваа посветеност, произлезе иницијативата на Мила Гулеска-Ноневска да се формира библиотечно катче во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево.
Директорот Благоја Китановски и неговиот тим со големо задоволство и ентузијазам ја прифатија оваа иницијатива, а семејството Ноневски дополнително обезбеди и раритетна донација – 125 години стара витрина од дабово дрво, увезена од Холандија.
Вчера и официјално беа предадени првите 200 наслови (поезија, проза, монографии, култни списанија и сл.). Најголемиот дел од насловите потекнуваат од библиотеката на Светлана и Владо Јоциќ, а десетици наслови се донација од библиотека на семејството Ноневски, од писателот Зоран Анчевски, како и од библиотеката на уметничкиот центар Арт поинт Гумно од селото Слоештица со кој раководат Сергеј и Ирена Андреевски, синот и снаата на Светлана Христова – Јоциќ.
Директорот Китановски информираше дека веќе имаат одредено лице коешто со голема посветеност ќе раководи со библиотечниот фонд, а во најскоро време ќе бидат поставени и дополнителни полици за сите наслови што ќе бидат донирани во иднина.



