Прескокни до содржината
Реклама

НБ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

НБ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
Фото: Нетпрес

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола, велат од НБРМ.

Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби.

-Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.

Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци, се наведува во соопштението.

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите.

Клековски и Мемишоглу потпишаа меморандум за соработка во здравството меѓу Македонија и Турција

Клековски и Мемишоглу потпишаа меморандум за соработка во здравството меѓу Македонија и Турција
Фото: МКД.мк

На средбата, информираат од Министерството за здравство, беа разгледани билатералните односи и беше нагласено пријателството меѓу двете држави.

По средбата, двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање и соработка во областа на здравството, како основа за конкретни заеднички активности меѓу двете министерства и нивните здравствени институции. Во конкретизацијата на соработката ќе се вклучи и турската државна агенција за меѓународни здравствени услуги USHAŞ.

Како подрачја на идната соработка, министерот Клековски ги издвои: дигиталното здравство; стручната размена и едукацијата на специјалисти; соработката во областа на лековите и вакцините.

„Турција е искрен пријател на Македонија и тоа го покажа и во најтешките моменти по трагедијата во Кочани. Меморандумот ни дава рамка добрите односи да ги претвориме во конкретни проекти – од дигитално здравство, преку едукација на специјалисти, до лекови и вакцини“, изјави Клековски.

Тој ѝ се заблагодари на Република Турција за помошта и солидарноста по трагедијата во Кочани.

Димитриевски: Правосудниот испит ќе се полага на македонски јазик, нема да отстапиме од црвените линии

Димитриевски: Правосудниот испит ќе се полага на македонски јазик, нема да отстапиме од црвените линии
Фото: МКД.мк

„Додека ЗНАМ е дел од Владата, правосудниот испит ќе се полага согласно закон и Устав, на македонски јазик“. Ова го порача претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, на денешниот отчет пред граѓаните во Кочани, каде што заедно со партиското раководство ги презентираше резултатите од двегодишната работа.

Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, Димитриевски нагласи дека за прашањата поврзани со македонскиот јазик, државниот суверенитет и почитувањето на Уставот и законите нема простор за политички пазарења.

Осврнувајќи се на шпекулациите и барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит, тој рече дека ставот на ЗНАМ е јасен и непроменлив.

„Може да има различни барања, притисоци и шпекулации, но нашиот став е јасен. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме. Законите и Уставот мора да се почитуваат, а македонскиот јазик е темел на нашиот државен идентитет. За принципите што ги застапуваме не бараме алиби и не прифаќаме компромиси што се спротивни на законите и Уставот“, истакна Димитриевски.

Тој се осврна и на случајот со Ива Михајлова, оценувајќи дека ниската излезност на изборите во Бугарија и апатијата кај бугарските граѓани не треба да се прикриваат со создавање политички теми и обиди за притисок врз Македонија.

„Во однос на случајот со Ива Михајлова, ги повикувам бугарските власти да постапат согласно потерницата издадена од Министерството за внатрешни работи на Македонија и да ја екстрадираат за да одговара пред надлежните институции за случајот за кој се товари. Очекуваме почитување на правните процедури и соработка со надлежните институции. Македонија е суверена држава и нема да дозволиме создавањето лажни политички теми да го потисне почитувањето на правниот поредок“, порача Димитриевски.

На панел-дискусијата се обратија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и потпретседател на ЗНАМ, Борче Серафимовски, пратеникот и потпретседател на Движењето, Павле Арсоски, како и директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов.

Серафимовски ги презентираше мерките за поддршка на земјоделците, јакнење на домашното производство и подобрување на условите за работа во земјоделството. Арсоски зборуваше за улогата на Собранието во донесувањето законски решенија и спроведувањето на реформите, додека Андов се осврна на природните ресурси на Македонија и нивното одговорно искористување за економски развој.

Од ЗНАМ посочуваат дека со отчетот во Кочани ја продолжуваат директната комуникација со граѓаните и презентирањето на досегашните резултати, како и приоритетите за наредниот период. За Движењето, велат, отчетот не е формалност, туку обврска кон граѓаните.

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и завршил во двор на семејна куќа, двајца тешко повредени

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и завршил во двор на семејна куќа, двајца тешко повредени
Фото: Опсервер

Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево, откако автомобил „мерцедес“ излетал од коловозот и завршил во дворот на семејна куќа.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 1:10 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 33-годишен жител на селото Батинци, кој изгубил контрола над возилото.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и неговиот 39-годишен сопатник од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.

Божиновска на Модниот викенд во Скопје во впечатлива сина сатенска креација

Божиновска на Модниот викенд во Скопје во впечатлива сина сатенска креација
Фото: Нетпрес

Со спој на модата, традицијата и женската моќ, вчеравечер започна 33-тото издание на Модниот викенд во Скопје, отворајќи го настанот со несекојдневна ревија што испрати силна порака за женската солидарност, еднаквите можности и поддршката на женското претприемништво. DMWC ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ ги стави во центарот на вниманието уникатните модни изработки создадени од вредните раце на жени од осум општини во Македонија, претворајќи ја модната писта во вистинска прослава на домашната креативност, традиција и одржливост, пишува Женски Магазин.

Меѓу дамите кои оставија особено впечатлив изглед беше и актуелната министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која се појави на модната писта во раскошна сатенска креација во нежна тиркизно-сина нијанса.

Целиот текст и повеќе фотографии може да погледнете на Женски Магазин.

Шасивари најави измени во нотаријатот и дигитализација на постапките

Шасивари најави измени во нотаријатот и дигитализација на постапките
Фото: МКД.мк

Министерот за правда Јетон Шасивари најави унапредување на законската регулатива во областа на нотаријатот, усогласување со современите стандарди и дигитализација на постапките и услугите. Ова го истакна на отворањето на манифестацијата „Нотарски денови 2026“, организирана од Нотарската комора, на тема „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“.

Во своето обраќање, Шасивари го истакна значењето на нотаријатот како еден од столбовите на правниот систем и гарант на правната сигурност на граѓаните. Посочи дека работата на нотарите има директно влијание врз заштитата на сопственичките права, семејните односи и сигурноста на правните трансакции.

Тој нагласи дека довербата на граѓаните е најголемиот капитал на институциите, а нотарската професија, покрај правна стручност, бара интегритет, независност, професионална етика и високо ниво на одговорност.

Според Шасивари, дигитализацијата треба да овозможи побрзи постапки, помалку административни пречки, пониски трошоци, поголема транспарентност и полесен пристап на граѓаните до правните услуги.

Во тој процес, како што посочи, Нотарската комора ќе биде важен и рамноправен партнер на Министерството за правда, бидејќи одржливите реформи не се спроведуваат само преку законски измени, туку и преку тесна соработка со професионалците кои секојдневно ги применуваат законите.

Министерот изрази надеж дека „Нотарски денови 2026“ ќе овозможат суштински дискусии, размена на искуства и конкретни предлози за понатамошен развој на нотаријатот.

„Правната сигурност ја гради довербата, професионалноста ја штити, а одговорноста ја прави правдата опиплива за секој граѓанин“, истакна Шасивари.

Русија воведува визи за Црногорците

Русија воведува визи за Црногорците
Фото: МКД.мк

Од руската амбасада порачаа дека строго ќе се придржуваат до договорот меѓу владите на Русија и Црна Гора за условите за меѓусебни патувања на државјаните. Договорот е потпишан на 24 септември 2008 година и ги регулира патувањата без визи меѓу двете држави.

Црногорците од 30 декември ќе мора да имаат виза за Русија

Според објаснувањето на руската амбасада, Црна Гора официјално ја известила Русија за повлекувањето од договорот. Имајќи го предвид датумот на известувањето, договорот престанува да важи на 30 декември годинава.

„Од овој датум државјаните на Црна Гора ќе можат да влезат во Руската Федерација со визи за сите видови пасоши, во согласност со Федералниот закон за постапката за излез од Руската Федерација и влез во Руската Федерација од 15 август 1996 година“, се наведува во соопштението на амбасадата.

Руската амбасада додаде дека граѓаните на Црна Гора можат да најдат дополнителни информации за постапката за добивање виза на нејзината официјална интернет-страница.

Црна Гора воведува визи за државјаните на пет земји

Според одлуката на црногорската влада, од недела, 1 ноември, визи за влез во Црна Гора ќе им бидат потребни на државјаните на Русија, Белорусија, Турција, Кина и Саудиска Арабија, освен ако ги исполнуваат условите за ослободување од визната обврска.

Промената е дел од усогласувањето на црногорската визна политика со правилата на Европската Унија, што е една од обврските на Црна Гора во процесот на пристапување кон ЕУ. Владата во Подгорица ја донела одлуката во јули, а новите правила почнуваат да се применуваат од 1 ноември.

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
Фото: Опсервер

Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија.

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење.

Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола.

Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Северна Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи.

Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка.

Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити.

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата.

НБА: Тандер oстанаа и без Холмгрен најмалку осум седмици

НБА: Тандер oстанаа и без Холмгрен најмалку осум седмици
Фото: Нетпрес

Центарот на Оклахома Сити Тандер, Чет Холмгрен, ќе биде надвор од терените осум до десет седмици поради скината тетива, објави НБА тимот.

Ова е најновата повреда што ја погоди Оклахома Сити, шампионите на НБА во 2025 година.

Во соопштението, Тандер соопштија дека Холмгрен почнал да чувствува непријатност во десното колено на 25-ти октомври.

„По консултации со неколку специјалисти, беше утврдено дека тој ќе се подложи на биолошки третман во петок за да се поправи мало кинење на пателарната тетива“, се вели во соопштението на франшизата.

„Постапката беше успешна. Се очекува Холмгрен целосно да закрепне и да се врати на теренот во рок од осум до десет седмици“, додаде тимот на Оклахома Сити.

Тандер, исто така, открија дека бекот Кејсон Волас бил опериран поради напукнување во левото рамо. Иако неговата состојба ќе биде повторно оценета „пред крајот на регуларната сезона 2026/2027“, американските медиуми објавија дека веројатно ќе ја пропушти целата сезона.

Се чини дека ситуацијата е слична и за Џејлен Вилијамс, уште еден клучен играч за тимот; претходно оваа седмица Оклахома Сити објави дека крилниот играч на Ол-стар ќе биде надвор од игра на неодредено време.

Вилијамс заработи скршеница на лисната коска (фибулата) и исчашување на левиот глужд во победата в неделата над Лос Анџелес Клиперс.

Тандер ја отворија сезоната во НБА со скор од 4-0 победи и порази, а Вилијамс и Волас имаа значителен придонес. Тимот го доживеа својот прв пораз во сезоната в средата против Далас Маверикс.

Над 60 форензичари ги идентификуваат жртвите во Шпанија, семејствата чекаат вести за исчезнатите

Над 60 форензичари ги идентификуваат жртвите во Шпанија, семејствата чекаат вести за исчезнатите
Фото: Опсервер

Форензичките тимови во Шпанија ги завршија обдукциите на 69 лица загинати во железничката несреќа, но досега се идентификувани само 36 жртви. Семејствата на исчезнатите се собрале во Толедо, каде што од Цивилната гарда биле предупредени да се „подготват за најлошото“, пренесува „Паис“.

Од 36 идентификувани лица, семејствата на 27 жртви веќе биле известени. Претседателот на покраината Кастиља-Ла Манча, Емилијано Гарсија-Пејџ, предупредил дека процесот на идентификација е исклучително сложен.

Според него, во мртовечниците се наоѓаат 68 тела, додека едно лице починало во болница. Остатоците пронајдени при извлекувањето на вагоните сè уште се идентификуваат. Досега биле пронајдени и 31 вреќа со делумни посмртни останки.

Идентификацијата се спроведува според шпанскиот национален протокол за постапување при несреќи со голем број жртви, кој е во сила од 2009 година. Во процесот се вклучени правосудните органи, судските лекари, полицијата и Националниот институт за токсикологија и форензички науки.

Семејствата на исчезнатите најпрво се собрале во спортската сала на државно училиште во Урда, а потоа биле пренесени во седиштето на Цивилната гарда во Толедо. Таму пријавувале исчезнати членови на семејствата, давале информации за нив и доставувале примероци за ДНК-анализа.

Во постапката се споредуваат податоците собрани од посмртните останки, вклучувајќи отпечатоци од прсти и ДНК, со медицинската документација, снимките и генетските примероци од членовите на семејствата.

Во идентификацијата учествуваат повеќе од 60 експерти. Кога бројот на жртви надминува 30, примероците се испраќаат во две лаборатории за да се забрза постапката.

Меѓу исчезнатите има и странски државјани. Од 14 пријави што се однесуваат на државјани на 10 земји, ДНК-примероци се собираат и од нивните роднини во странство, со помош на Интерпол.

Според податоците од петокот навечер, од вкупно 72 пријави за исчезнати лица, пет лица биле пронајдени живи, а 67 пријави останале активни. Две лица биле пронајдени во болници, додека за едно било утврдено дека воопшто не се качило во возот на денот на несреќата.

Во Кастиља-Ла Манча во петокот навечер биле хоспитализирани 39 лица. Од нив, 17 биле на одделенијата за интензивна нега, а 22 биле сместени на други болнички одделенија.