Прескокни до содржината
Реклама

Русија: Притворен тинејџер во истрагата по дојавата од САД за терористички напад во Москва

Русија: Притворен тинејџер во истрагата по дојавата од САД за терористички напад во Москва
Фото: Нетпрес

Во текот на истрагата во врска со информации од Соединетите држави за планиран терористички напад во Москва, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) притвори тинејџер кој објавил видео на социјалната мрежа TikTok во кое се заканува дека ќе изврши кривично дело во музејскиот комплекс Царицино, објави во неделата ФСБ.

„Федералната служба за безбедност, заедно со Руската национална гарда, Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет на Русија, спроведоа истрага за информациите добиени од американските агенции за спроведување на законот во врска со подготовката на терористички напад во Москва на територијата на музејскиот комплекс Царицино. Како резултат на овие истраги, беше приведен малолетен руски државјанин. Тој објави фотографии од себе на краткиот видео сервис TikTok облечен во тактичка опрема, балаклава, капа, очила и слушалки, држејќи предмет што личи на автоматско оружје, како и фотографии направени во Царицино со натпис I found a place (Најдов место)“, нагласи ФСБ.

За време на претресот на домот на тинејџерот била откриена специфични делови од облека и додатоци, се додава во соопштението на руската безбедносна служба, ден откако беше објавено дека од ФСБ од американските безбедносни служби добила информација за подготовка на голем терористички напад во Москва. Истовремено во саботата американската амбасада во руската престолнини објави на својата веб-страница предупредување за американските државјани да го избегнуваат музејскиот комплекс Царицино, како и други локации на масовни собири на луѓе.

„Во уредите и комуникациите беа идентификувани сметка на TikTok што се користела за објавување закани, претплата на неонацистички канал на Telegram и значителен број пребарувања за терористички напади, масовни убиства и други насилни настани“, објави ФСБ.

ФСБ објави дека додека се истражувале информациите добиени за САД биле откажани планираните културни настани во музејот во интерес на јавната безбедност, а безбедносните мерки во областа околу него се зајакнати.

„Благодарни сме на американската страна за дадените информации“, додаваат од ФСБ.

Хориха: Поради Вардар ќе играм за Македонија

Хориха: Поради Вардар ќе играм за Македонија
Фото: МКД.мк

Поранешниот ракометар на Вардар, кој сега игра за ПИК Сегед, вели дека за него е голема одговорност што ќе игра за Македонија.

„Прв повик за селекцијата на Македонија. Ова е голема одговорност. Сакам да покажам колку сум спремен и да му помогнам на овој тим. Немаме многу време за подготовки, но јас ќе го дадам својот максимум на секој натпревар“, вели Хориха.

Украинецот потенцира дека Вардар е причината поради која ќе заигра за Македонија.

„Голема благодарност за сите македонски навивачи. Вардар е причината што јас ќе заиграм за Македонија, поддршката од македонските фанови ја забележувам и сега. Сакам да играм за Македонија и ќе доаѓам секогаш кога ќе бидам повикан. Знам дека ќе чувствувам притисок, но ќе се справам со него. Има огромна разлика од ракометот и атмосферата во Македонија отколку во Украина“.

Прв противник за нашата селекција во квалификациите е Луксембург в среда од 19:00 часот.

Доларот зајакна во однос на кошничката валути, во фокусот централните банки

Доларот зајакна во однос на кошничката валути, во фокусот централните банки
Фото: Нетпрес

На светските девизни пазари, вредноста на американскиот долар се зголеми изминатата седмица во однос на кошничката валути, додека најголемите централни банки во светот ги задржаа каматните стапки на претходните нивоа.

Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американската во однос на шесте главни светски валути, зајакна минатата седмица за 0,2 отсто, на 101,96 поени.

Истовремено, доларот зајакна во однос на европската валута за 0,4 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,1160 долари.

Американската валута сзајакна и во однос на јапонскиот јен, за 0,4 отсто, на 157,55 јени.

Инвеститорите минатата седмица се фокусираа на состаноците на неколку од најголемите централни банки во светот, вклучувајќи ја и американската.

Како што се очекуваше, челниците на Федералните резерви (Fed) одлучија да ги остават каматните стапки непроменети во опсег од 3,75 до 4 отсто. Во соопштението, Fed ја подобри својата проценка за економската состојба, но исто така посочи дека инфлацијата останува висока.

Кризата на Блискиот исток не се смирува, па затоа цените на нафтата се движат на зголемени нивоа, што е најважната причина за зајакнување на инфлацијата во светот.

И додека инфлацијата во САД продолжува да се движи значително над целното ниво на Fed од 2 отсто, пазарот проценува дека постои околу 85 отсто веројатност Fed да ги зголеми каматните стапки за уште 0,25 отсто поени во декември, откако веќе ги зголеми за толку во септември.

И ЕСВ ги остави каматните стапки непроменети
Европската централна банка (ЕСВ), исто така, ги остави каматните стапки непроменети, но предупреди дека ризиците од инфлација растат поради повисоките цени на енергенсите. Пазарот го гледа ова како сигнал дека може да се очекува зголемување на каматните стапки на состанокот на ЕСВ во декември.

Дополнително, беше објавено дека претседателката на ЕСВ, Кристин Лагард, ќе се повлече од својата позиција на почетокот на февруари следната година, осум месеци пред крајот на нејзиниот мандат.

Гувернарите на централната банка на Јапонија (BoJ), исто така, минатата седмица ги оставија каматните стапки непроменети и исто така предупредија дека инфлацијата расте.

Централната банка на Нов Зеланд не ги промени каматните стапки минатата седмица, но централната банка на Канада ги зголеми за 0,25 отстотни поени, на 2,5 отсто.

Следната седмица, за своите каматни стапки одлуки ќе донестат австралиските и британските монетарни власти.

Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси, гаражи и канцеларии

Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси, гаражи и канцеларии
Фото: Опсервер

Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во Кочани, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Густ црн чад се издигаше високо над градот и беше видлив и од околните населени места.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани десетина противпожарни возила од територијалните противпожарни единици од Кочани и Виница, како и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Во интервенцијата учествувале околу 30 пожарникари.

Според првичните информации, во пожарот изгореле автобуси, гаражи и канцелариски простории, при што е предизвикана голема материјална штета.

Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуално повредени лица.

Полицаец во Франција се здоби со тешки изгореници откако демонстрант му фрли молотов коктел

Полицаец во Франција се здоби со тешки изгореници откако демонстрант му фрли молотов коктел
Фото: Опсервер

Полицаец во Франција се здобил со тешки изгореници откако демонстрант кон него фрлил молотов коктел, при што му се запалила ногата.

Француската Национална жандармерија оцени дека на протестите се користи „неприфатливо насилство“ против припадниците на органите за спроведување на законот.

На социјалната мрежа Икс, полицијата објавила фотографија и видео на кои се гледа моментот кога на полицаецот му се запалува ногата. Тој се здобил со тешки изгореници во нападот.

Џордано Бардела, претседател на крајно десничарската партија Национален собир, го опиша запаливиот уред како оружје „наменето да убива“, барајќи сторителите да бидат осудени на долги години затвор. Во Франција со денови има протести поради високите трошоци за живот и лошата состојба во образованието.

Протести синоќа имаше и во Португалија и Германија.

Поставен камен темелник на новата митрополија на Брегалничката епархија

Поставен камен темелник на новата митрополија на Брегалничката епархија
Фото: МКД.мк

Со свечената архиерејска литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА,г.г. Стефан. Осврнувајќи се на духовната посветеност и делата на митрополитот Иларион, архиепископот Стефан потсети на пораката што му ја упатил уште пред 20 години, истакнувајќи дека вистинските духовни вредности се темел за создавање дела што оставаат траен белег.

„Само оној човек или народ кој духовните дарови ги собирал и длабоко во себе ги носи, само тој може да создава такви духовни убавини и да твори цивилизациски вредности за сите времиња. Ние, Македонците треба да бидеме горди на духовното богатство создадено од нашите пречесници и да се погрижиме тоа уште поодобро да се чува и заштитува, но и постојано да се надградува“, рече поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во своето обраќање пред верниците во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.

Поглаварот на МПЦ ОА г.г Стефан вели дека почетокот на изградбата на новата митрополија на Брегалничката епархија се совпаѓа со одбележувањето на 20 години од устоличувањето на митрополитот Иларион, на чело на Брегалничката епархија.

„Тој осветил 68 нови храмови, поставил и осветил 47 камен темелници , преосветил 14 возобновени стари храмови, осветил 8 камбанарии. Крстил 279 деца, благословил 463 брака, ракоположил 31 ѓакон и 28 свештеници и извршил 17 монашења“, рече во своето обраќање г.г. Стефан.

Новата митрополија ќе се простира на околу 300 метри квадратни, а воедно беше упатен повик до сите добронамерници и верници кои се во можност да помогнат во изградбата на новата зграда на митрополијата на Брегалничката епархија.

Од 15 ноември стартува обврската за зимска опрема на возилата

Од 15 ноември стартува обврската за зимска опрема на возилата
Фото: Нетпрес

Од 15 ноември до 15 март возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

– пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Тројца мажи нападнале скопјанец на семафорите во Ѓорче Петров и му го искршиле автомобилот

Тројца мажи нападнале скопјанец на семафорите во Ѓорче Петров и му го искршиле автомобилот
Фото: Опсервер

Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од тројца мажи додека чекал на семафорите во Ѓорче Петров, при што му било оштетено и возилото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 31 октомври во 20:15 часот во СВР Скопје, 34-годишниот О.А. од селото Сарај пријавил дека додека се наоѓал во својот автомобил „фолксваген“, на семафорите во Ѓорче Петров, три лица излегле од друго возило.

Тие, со употреба на физичка сила, го извлекле од автомобилот и го нападнале, а притоа употребиле и метални предмети, со кои го оштетиле неговото возило.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт

Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт
Фото: МКД.мк

Полицијата сè уште е распоредена во Франкфурт по немирите што избувнаа синоќа, а обемот на материјалната штета сè уште се утврдува, изјави портпаролот на полицијата.

Немирите следеа по протестите на младите луѓе кои бараа подобри услови во училиштата, ублажување на последиците од зголемените трошоци за живот и поголема социјална правда.

Протести вчера се одржаа во 34 германски градови.

Поголемиот дел од протестите поминаа без инциденти. Меѓутоа, во Франкфурт демонстрантите кршеа излози, крадеа стока од продавниците и напаѓаа полицајци. Полицијата уапси повеќе од 30 лица и блокираше дел од центарот на градот.

Портпаролот на полицијата утрово изјави дека е потребно да се обезбедат продавниците што беа ограбени за време на немирите.

Сè уште не е познато колку луѓе беа повредени во немирите, додаде тој.

Премиерот на сојузната покраина Хесен, Борис Рајн, изјави дека е шокиран од „насилните испади во Франкфурт“, кои „нема да поминат без последици“.

„Секој што се однесува како напаѓачите во центарот на Франкфурт е исклучен од нашето општество. Внимателно ќе ги анализираме напаѓачите, групите сторители и текот на настаните и ќе извлечеме соодветни заклучоци“, рече Рајн.

Во центарот на Франкфурт синоќа демонстрантите кршеа излози и ограбуваа продавници, при што насилството продолжи откако полицијата ги растера учесниците во демонстрациите.

Новинари на ДПА забележаа како неколку лица влегуваат во продавници и крадат патики и друга стока. Нападната била и специјализирана продавница за оружје.

Полицијата во германскиот финансиски центар потврди дека биле искршени излози на неколку деловни објекти.

„Врз припадниците на итните служби се фрлаат и молотови коктели“, соопшти полицијата, мислејќи на импровизирани запаливи направи направени од шишиња полни со запалива течност.

Од полицијата наведоа дека насилни групи останале активни во центарот на градот дури и откако демонстрациите биле растерани, по серијата напади врз полициските службеници.

Волстрит падна минатата седмица, европските берзи пораснаа

Волстрит падна минатата седмица, европските берзи пораснаа
Фото: Нетпрес

На најголемата светска берза Волстрит, берзанските индекси паднаа минатата седмица, главно поради притисокот врз технолошкиот сектор, додека европските берзи пораснаа благодарение на добрите деловни резултати од европските компании.

На њујоршки Волстрит, индексот Dow Jones падна за 0,9 отсто минатата седмица, на 51.770 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,6 отсто на 7.580 поени, а Nasdaq падна за 2,0 отсто на 25.437 поени.

Индексот Nasdaq падна најмногу, бидејќи технолошкиот сектор беше под притисок поради послабите од очекуваните квартални деловни резултати од голем број компании.

Резултатите всушност не се лоши, но покажуваат дека многу технолошки гиганти инвестираат огромни суми пари во развој на вештачка интелигенција, со што трошат парични резерви на своите сметки, а инвеститорите се прашуваат до кој степен овие инвестиции ќе се исплатат.

Како резултат на тоа, минатата седмица остро паднаа цените на акциите на голем број големи технолошки компании, од „Meta“ и „Alphabet“ до „Amazon“ и „Intel“.

„Може да се каже дека оваа седмица се тргуваше врз основа на проценките за иднината на компаниите што развиваат вештачка интелигенција. Дали ќе има позитивен поврат на инвестициите и, ако е така, колку брзо?“, објаснува Оливер Пурше, потпретседател на компанијата „Wealthspire Advisors“.

Деловните резултати на повеќето компании се добри. Досега, речиси 300 компании од индексот S&P 500 објавија финансиски извештаи, при што околу 82 отсто од нив остварија поголема добивка од очекуваната.

Затоа, аналитичарите сега проценуваат дека профитот на компаниите ќе биде за околу 31,5 отсто поголем отколку во третиот квартал од минатата година, додека претходно очекуваа раст од 30 отсто.

Fed ги остава каматните стапки непроменети
Инвеститорите се фокусираа и на состанокот на американската централна банка минатата седмица. Како што се очекуваше, претставниците на американската централна банка одлучија да ги остават каматните стапки непроменети во опсег од 3,75 до 4 отсто.

Во соопштението, Fed ја подобри својата проценка за економската состојба, но исто така рече дека инфлацијата останува висока.

И со инфлацијата сè уште далеку над целта на Fed од 2 отсто, пазарот проценува дека постои 85 отсто веројатност Fed да ги зголеми каматните стапки за уште 0,25 отсто поени во декември, откако веќе ги зголеми за толку во септември.

Раст на европските берзи
А на европските берзи, цените на акциите пораснаа минатата седмица, главно благодарение на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати од европските компании.

Индексот FTSE во Лондон порасна за 0,4 отсто на 10.729 поени, додека DAX во Франкфурт порасна за 2,5 отсто на 25.818 поени, а парискиот индекс CAC 40 порасна за 2,4 отсто на 7.969 поени.

Европската централна банка ги остави каматните стапки непроменети на состанокот во четвртокот, но предупреди дека зголемувањето на цените на енергенсите ги зголемува ризиците од инфлација. Пазарот го гледа ова како сигнал дека може да се очекува зголемување на каматните стапки на состанокот на ЕСВ во декември.

Исто така, беше објавено дека претседателката на ЕСВ, Кристин Лагард, ќе се повлече од функцијата на почетокот на февруари следната година, осум месеци пред истекот на нејзиниот мандат.