
„Прв повик за селекцијата на Македонија. Ова е голема одговорност. Сакам да покажам колку сум спремен и да му помогнам на овој тим. Немаме многу време за подготовки, но јас ќе го дадам својот максимум на секој натпревар“, вели Хориха.
Украинецот потенцира дека Вардар е причината поради која ќе заигра за Македонија.
„Голема благодарност за сите македонски навивачи. Вардар е причината што јас ќе заиграм за Македонија, поддршката од македонските фанови ја забележувам и сега. Сакам да играм за Македонија и ќе доаѓам секогаш кога ќе бидам повикан. Знам дека ќе чувствувам притисок, но ќе се справам со него. Има огромна разлика од ракометот и атмосферата во Македонија отколку во Украина“.
Прв противник за нашата селекција во квалификациите е Луксембург в среда од 19:00 часот.



