Поставен камен темелник на новата митрополија на Брегалничката епархија

Со свечената архиерејска литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА,г.г. Стефан. Осврнувајќи се на духовната посветеност и делата на митрополитот Иларион, архиепископот Стефан потсети на пораката што му ја упатил уште пред 20 години, истакнувајќи дека вистинските духовни вредности се темел за создавање дела што оставаат траен белег.

0
Поставен камен темелник на новата митрополија на Брегалничката епархија
Фото: МКД.мк

„Само оној човек или народ кој духовните дарови ги собирал и длабоко во себе ги носи, само тој може да создава такви духовни убавини и да твори цивилизациски вредности за сите времиња. Ние, Македонците треба да бидеме горди на духовното богатство создадено од нашите пречесници и да се погрижиме тоа уште поодобро да се чува и заштитува, но и постојано да се надградува“, рече поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во своето обраќање пред верниците во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.

Поглаварот на МПЦ ОА г.г Стефан вели дека почетокот на изградбата на новата митрополија на Брегалничката епархија се совпаѓа со одбележувањето на 20 години од устоличувањето на митрополитот Иларион, на чело на Брегалничката епархија.

„Тој осветил 68 нови храмови, поставил и осветил 47 камен темелници , преосветил 14 возобновени стари храмови, осветил 8 камбанарии. Крстил 279 деца, благословил 463 брака, ракоположил 31 ѓакон и 28 свештеници и извршил 17 монашења“, рече во своето обраќање г.г. Стефан.

Новата митрополија ќе се простира на околу 300 метри квадратни, а воедно беше упатен повик до сите добронамерници и верници кои се во можност да помогнат во изградбата на новата зграда на митрополијата на Брегалничката епархија.