Прескокни до содржината
Реклама

Ле Пен го осуди насилното преземање на Уставниот суд во Полска

Ле Пен го осуди насилното преземање на Уставниот суд во Полска
Фото: Нетпрес

Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен, кандидатка на претседателските избори во следната година, изрази длабока загриженост поради политичката криза во Полска и ја осуди „интервенцијата на безбедносните сили“ во протестите пред Уставниот суд во Варшава, објави AFP.

„Владеењето на правото не може да се врати со создавање впечаток дека правилата врз кои се темели повеќе не важат. Растечкиот број вакви насилни дејствија во Европската унија почнува да покренува сериозни прашања“, напиша Ле Пен на социјалната мрежа Х.

Партијата Национален собир, чија поранешна претседателка е Ле Пен, редовно ја изразува својата блискост со полскиот националистички суверенистички претседател Карол Навроцки, избран во 2025 година, кој води жестока битка против либералистичкиот пробриселски премиер Доналд Туск околу назначувањето судии во Уставниот суд.

„Спорното разрешување на претседателот на судот и интервенцијата на безбедносните сили за време на протестите изгледаат како насилно преземање на уставна институција“, додаде Ле Пен.

Повеќе од една година по парламентарните избори во Полска во петокот, тензиите во Варшава остро се зголемија откако додека претседателот Навроцки беше на пат полицијата упадна во зградата на Уставниот суд за да го блокира пристапот до неа, а министерот за правда на Полска, кој е и државен обвинител, побара укинување на имунитетот на претседателот на судот. Друг судија избран со парламентарно мнозинство објави дека привремено ќе го преземе врховниот суд.

Европската комисија застана на страната на Доналд Туск, повикувајќи го претседателот Навроцки да го одобри назначувањето на парламентарно избраните судии за решавање на политичката криза.

Девојче и жена загинаа во руски напад врз образовна установа во Украина, повредени се и три деца

Девојче и жена загинаа во руски напад врз образовна установа во Украина, повредени се и три деца
Фото: Опсервер

Тринаесетгодишно девојче и една жена загинаа, а четири лица, меѓу кои три деца, беа повредени во руски напад врз општината Козјатин, во украинската област Виница, соопштија локалните власти и службите за итни случаи.

Според началничката на Воената управа на областа Виница, Наталија Заболотна, нападот погодил парк лоциран меѓу студентски дом и образовна установа. Од Државната служба за вонредни состојби потврдиле дека руски дрон погодил дом на стручно училиште.

По ударот се запалиле два автомобила, а пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот.

Во болница биле примени две петгодишни девојчиња и 16-годишно момче, кои се здобиле со повреди со средна тежина. Медицинска помош му била укажана и на 24-годишен маж со полесни повреди.

Заболотна потврдила дека меѓу загинатите се 13-годишно девојче и жена, која им подлегнала на повредите на одделението за интензивна нега во болница. Со тоа била исправена првичната информација дека на местото на нападот загинал маж.

Четири лица убиени во престрелки во Тексас

Фото: Проверено
Фото: Нетпрес

Најмалку 15 лица беа повредени, од кои четворица починаа, како резултат на престрелка во Далас, извести во неделата телевизиската станица Fox News повикувајќи се на изјава од началникот на полицијата во тексашкиот град.

Според телевизијата, биле пријавени три престрелки во Далас ноќта меѓу саботата и неделата. Инцидентите не се поврзани и се случиле на различни локации во градот.

Според началникот на полицијата, бројот на настраданите може да е поголем бидејќи неколку лица самостојно се упатиле кон локалните болници по инцидентите.

Службениците за спроведување на законот ги привеле осомничените, а започната е и истрага, се додава во извштајот.

Алта банка под привремена администрација, Славески откри дека се повлечени два милиони евра

Алта банка под привремена администрација, Славески откри дека се повлечени два милиони евра
Фото: Опсервер

Околу два милиони евра биле повлечени во готовина и преку други трансфери од „Алта банка“ АД Битола до вчера, откри гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, образложувајќи ги причините за воведувањето привремена администрација и ограничувањето на располагањето со средствата на клиентите.

Според Славески, информацијата за повлечените средства ја добиле денеска на средба со Управниот одбор на банката, одржана во 14:10 часот, откако Извршниот одбор на Народната банка веќе ги донел одлуките за воведување привремени мерки.

„Тие потврдија дека до вчерашниот ден, заклучно со вчерашниот ден, биле во готовина и други трансфери подигнати околу 2.000.000 евра од банката“, изјави Славески.

Тој објасни дека поради зголеменото повлекување средства, процесорот за платежни картички привремено ги блокирал картичките на банката, но услугата повторно била овозможена денеска околу 12 часот.

Народната банка утврди неделен лимит од 10.000 денари за плаќања со картичките издадени од „Алта банка“. Славески посочи дека при определувањето на лимитот се воделе од проценката за секојдневните потреби на граѓаните, наведувајќи дека просечната плата и пензија заедно изнесуваат околу 40.000 денари месечно.

Привремените мерки може да траат најмногу три месеци, но гувернерот очекува проблемот да биде надминат и порано.

Како една од можностите за разрешување на состојбата ја посочи продажбата на акциите што ги поседува „Алта банка“ АД Белград, за која е најавено поведување стечајна постапка. Според Славески, иако станува збор за неофицијални информации, веќе има повеќе заинтересирани купувачи.

Тој појасни дека белградската банка ќе го задржи правото на сопственост врз акциите, но согласно законската постапка ќе мора да ги понуди на продажба. Доколку тоа не го направи во предвидениот рок, постапката ќе ја спроведе Народната банка.

Славески нагласи дека воведувањето привремена администрација не значи одземање на дозволата за работа на „Алта банка“ АД Битола и увери дека банката продолжува да работи.

„Банката продолжува со работа без некои поголеми последици“, рече гувернерот, додавајќи дека мерките се преземени за заштита на имотот на банката и интересите на штедачите.

Тој најави и дека мобилното и електронското банкарство, кои во моментов не се достапни за клиентите, се очекува повторно да бидат ставени во функција во наредните денови.

Дотогаш, клиентите ќе можат да располагаат со средствата во рамките на утврдените ограничувања, додека интерните трансфери меѓу сметките во банката остануваат неограничени.

Новите такси на ЕУ за трговците на мало би можеле да носат 6 милијарди евра годишно

Новите такси на ЕУ за трговците на мало би можеле да носат 6 милијарди евра годишно
Фото: Нетпрес

Давачките коишто ги наметна Европската унија за пратките со ниска вредност што влегуваат во блокот а кои стапуваат на сила денеска, би можеле да во буџетот на ЕУ 6 милијарди евра годишно пмеѓу 2028 и 2034 година, според документ на Европската комисија во кој увид имала агенцијата Reuters.

ЕУ наметна дополнителна такса за обработка од 2 евра за пратки со ниска вредност од неделата 1-ви ноември, зголемувајќи ја таксата за секоја поединечна пратка, откако на почетокот од јули за пратките од платформите како што се водечките Temu и Shein веќе се наплаќаа по доболнителни 3 евра.

Проценката, на којашто се повикува Reuters, го покажува обемот на мерките на ЕУ против напливот од еврини пратки од електронското тргување, за кое се вели дека доаѓа претежно од Кина.

Околу 5,8 милијарди пратки во вредност помала од 150 евра влегле во ЕУ минатата година, што е зголемување од 26 отсто во однос на претходната година, според Европската комисија. Комисијата проценува дека за повеќето од нив била посочена пониска цена од реалнаа за да се се избегнат увозните давачки.

Европската комисија одби да коментира за прогнозата за приходите, забележува Reuters.

Холандскиот европратеник Дирк Готинк, кој работи на царинските реформи на ЕУ, вели дека новата давачка од 2 евра има цел да се справи со „еден екстремно токсичен бизнис-модел на евтина, неквалитетна стока увезена преку е-трговија од Кина“.

„Новите приходи ни даваат можност и средства да ги надминеме децениите недоволно инвестирање и да им ги обезбедиме на европските царински органи ресурсите што им се потребни за ефикасно да го заштитат нашиот единствен пазар“, додава Готинк.

Прогнозата предвидува пад на бројот пратки со ниска вредност што влегуваат во ЕУ, бидејќи Брисел очекува трговците на мало да се прилагодат на мерките.

Новата политика на ЕУ следи по слични мерки преземени од САД минатата година, со кои се отстрани увозот без царина за онлајн нарачки за справување со загриженоста за нелојалната конкуренција и небезбедните производи.

Комисијата проценува дека околу 90 отсто од собраните такси ќе одат во заедничкиот буџет на ЕУ, а 10 отсто во земјите-членки, но ова би можело да се промени доколку европските земји инсистираат на задржување поголем дел од приходите во тековните преговори за седумгодишниот буџет на Унијата за 2028-2034 година. Земјите-членки моментално задржуваат 25 отсто од овие приходи.

Кинеските групации за електронско тргување веќе почнаа да се адаптираат, наведува Reuters. Така, „AliExpress“, во сопственост на кинескиот гигант за е-трговија „Alibaba“, изјави дека го зголемува капацитетот на своите домашни магацини, но предупреди дека новите давачки наметнати од ЕУ ќе ги погодат домаќинствата со ниски приходи во Европа и „ќе ја продлабочат кризата со трошоците за живот“.

„Temu“ им нуди на некои купувачи попуст на таксите, според снимките од екран што наводно ги виде Reuters, што го нагласува притисокот да се ограничи шокот врз потрошувачите навикнати на евтина стока.

„Shein“, кој го проширува својот магацински простор во Полска, соопшти дека има цел да остане „конкурентен“ и да понуди побрза и попогодна испорака.

Американскиот конкурент „Amazon“ соопшти дека 97 отсто од производите што ги продава во ЕУ се испорачуваат од магацини во блокот, па затоа многу малку пратки се засегнати од новите давачки.

Реми на Шкендија (А) и Тиквеш, Брегалница промаши пенал во финишот и загуби од Шкендија (Т)

Реми на Шкендија (А) и Тиквеш, Брегалница промаши пенал во финишот и загуби од Шкендија (Т)
Фото: МКД.мк

Шкендија Арачиново пропушти можност за три бода, откако Тиквеш освои бод на гостувањето во Чаир. Домашниот тим не ги искористи своите шанси, водство донесе Марко Симоновски, па Лусианињо донесе реми за кавадарчани со погодок за конечни 1-1.

Брегалница Штип загуби од Шкендија со 1-2, иако успеа да се врати по раното водство на гостите. Фахд Ндзенгуе погоди во 3. минута, Кристијан Стојковски израмни во 39. минута, а Марко Ѓорѓиевски во 70. минута ја донесе победата за тетовчани.

Драмата кулминираше во 94. минута, кога Иван Николов не реализира пенал, а голманот Гаје ги спаси трите бода за Шкендија. Со оваа победа лидерот стигна до 28 бода.

Текстилни работници протестираат во Бангладеш за повисоки плати, полицијата употреби солзавец

Текстилни работници протестираат во Бангладеш за повисоки плати, полицијата употреби солзавец
Фото: printscreen/facebook/ Asia One News

Полицијата во Бангладеш употреби солзавец и палки за да ги растера насобраните демонстранти, на протестите на кои илјадници текстилни работници излегоа на улиците во главниот град Дака со барања за зголемување на платите.

Поради зголемените трошоци за живот синдикатите и текстилните работници бараат минималната месечна почетна плата да се зголеми на 30 илјади бангладешки таки (220 долари), од сегашните 12.500 таки, утврдени во 2023 година.

Во населбата Мирпур во Дака, неколку стотици работници утрово блокирале една од главните крстосници, предизвикувајќи целосен прекин на сообраќајот на првиот ден од работната недела.

Подоцна демонстрантите запалиле полициско комбе, по што полицијата одговорила со водени топови и шок-бомби.

Поради ширењето на судирите во околните подрачја, властите затвориле три метро-станици, изјави полицискиот инспектор Мохсин Шеик.

Демонстранти вооружени со стапови го блокирале автопатот што го поврзува главниот град со северните делови на земјата, во индустриската област Газипур, каде што се наоѓаат најголемиот дел од фабриките за текстил.

Владата денеска формираше шестчлена комисија, составена од претставници на сопствениците на фабриките, синдикатите и владата, која треба да ги ревидира минималните плати на работниците во текстилниот сектор.

Бангладеш, вториот најголем производител на облека во светот по Кина, годишно остварува околу 39 милијарди долари од извозот на текстилни производи, главно на европскиот и американскиот пазар.

Во тој сектор во околу четири илјади фабрики, работат повеќе од четири милиони луѓе, претежно жени.

Најмалку десет Палестинци загинале во израелските напади врз Газа

Најмалку десет Палестинци загинале во израелските напади врз Газа
Фото: Нетпрес

Најмалку десет Палестинци, меѓу кои и едно дете, загинале денеска во нови израелски напади врз Појасот Газа, објавуваат палестинските медиуми.

Пет лица загинале во напад со дрон во областа ал-Маваси, западно од Кан Јунис, а неколку други биле повредени.

Министерството за внатрешни работи на Хамас соопшти дека петмината загинати биле полицајци и службеници на редовни должности.

Според Министерството, 75 полицајци и службеници биле убиени во израелски напади од стапувањето во сила на примирјето во октомври 2025 година.

Палестински медиуми уште јавуваат дека уште тројца Палестинци, меѓу кои и едно дете, загинале во друг напад на израелските сили западно од градот Газа.

Според нив, вкупно десет Палестинци биле убиени во денешните напади низ Појасот Газа.

Израелската војска потврди дека „нападнала неколку припадници на вооружени групи на северот и на југот на Појасот Газа“.

Во Појасот Газа официјално е во сила примирје од октомври 2025 година, но смртоносните напади продолжуваат.

Израел неодамна повторно ги засили воздушните напади, а војската соопшти дека нејзините цели биле високи функционери на Хамас, исламистичка организација што е прогласена за терористичка.

На 7 октомври 2023 година, припадници на Хамас и на други екстремистички организации убија околу 1.200 лица во Израел и киднапираа уште 251 лице, кои ги одведоа како заложници во Газа.

Нападот предизвика војната во Појасот Газа. Оттогаш, повеќе од 74.500 Палестинци се убиени во Појасот Газа, според податоците на здравствените власти под контрола на Хамас.

Фото; printscreen/facebook/ Arab News

Триесет дена притвор за четворицата осомничени за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Триесет дена притвор за четворицата осомничени за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров
Фото: Нетпрес

Продолжување на притворот за 30 дена на предлог на обвинителството добија четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, информираат од Кривичниот суд. Притворот бил побаран за да се оневозможи уништување докази, попречување на истрагата, бегство…

Претходно на осомничените за убиствата на повозрасните лица во Ѓорче Петров на два пати им беше продолжуван притоворот по 48-часа, поради сомнение дека се поврзани со убиствата на две лица во нивните домови.

Обвинителството продолжува со истрагата за двата случаи и со прибирање докази. Во тек се и ДНК-вештачења, чии резултати треба да бидат дел од доказниот материјал.

Во врска со случаите беа приведени А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Полицијата ги поврза со двата настана.

Првиот случај беше откриен на 22 октомври во скопската населба Хром, каде што во својот дом беше пронајден починат 62-годишниот С.Ј., со траги од насилство.

Неколку дена подоцна, на 27 октомври, во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Ѓорче Петров беше пронајдена почината и 76-годишната О.А., исто така со траги од насилство.

OPEC+ ги остави непроменети декемвриските квоти за производство на нафта

OPEC+ ги остави непроменети декемвриските квоти за производство на нафта
Фото: Нетпрес

Водечките земји производители на нафта од неформалниот сојуз познат како OPEC+ одлучија во неделата да ги задржат непроменети квотите за производство во декември, потврдувајќи ги очекувањата дека нема да ја променат својата политика до следната година поради тековната војна на Блискиот исток и прекините во снабдувањето што ги предизвикува, објавија британката агенција Reuters и руската ТАСС.

Седумте водечки земји во групацијата – Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Казахстан, Кувајт, Оман и Алжир – ја донесоа одлуката на денешниот состанок преку конференциска врска, се вели во соопштението на картелот.

Така, руската квота за производство на нафта за декември 2026 година ќе биде 9,949 милиони барели дневно, на Саудиска Арабија – 10,478 милиони барели дневно, на Ирак – 4,431 милиони барели дневно, на Кувајт – 2,676 милиони барели дневно, на Казахстан – 1,628 милиони барели дневно, на Алжир – 1,007 милиони барели дневно, на Оман – 841.000 барели дневно или без промена во споредба со квотите за септември, октомври и ноември 2026 година.

Од април 2025 година, тогаш осумте водечки членки на OPEC+ (Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Кувајт, Казахстан, Алжир, Оман и Обединети Арапски Емирати) почнаа постепено да ги враќаат на пазарот количествата барели што претходно ги намалија, а во септември 2025 година целосно се откажаа од доброволните намалувања од 2,2 милиони барели дневно, или една година порано од првично планираното. Во октомври 2025 година, земјите од OPEC+ почнаа постепено да го укинуваат намалувањето на производството на нафта за уште 1,65 милиони барели дневно.

Од 1 мај 2026 година, со повлекувањето на ОАЕ од групата, форматот ќе функционира како формат на „големата седумка“.