
Брегалница Штип загуби од Шкендија со 1-2, иако успеа да се врати по раното водство на гостите. Фахд Ндзенгуе погоди во 3. минута, Кристијан Стојковски израмни во 39. минута, а Марко Ѓорѓиевски во 70. минута ја донесе победата за тетовчани.
Драмата кулминираше во 94. минута, кога Иван Николов не реализира пенал, а голманот Гаје ги спаси трите бода за Шкендија. Со оваа победа лидерот стигна до 28 бода.
Извор: МКД.мк



