Новите такси на ЕУ за трговците на мало би можеле да носат 6 милијарди евра годишно

Давачките коишто ги наметна Европската унија за пратките со ниска вредност што влегуваат во блокот а кои стапуваат на сила денеска, би можеле да во буџетот на ЕУ 6 милијарди евра годишно пмеѓу 2028 и 2034 година, според документ на Европската комисија во кој увид имала агенцијата Reuters.

1
Новите такси на ЕУ за трговците на мало би можеле да носат 6 милијарди евра годишно
Фото: Нетпрес

ЕУ наметна дополнителна такса за обработка од 2 евра за пратки со ниска вредност од неделата 1-ви ноември, зголемувајќи ја таксата за секоја поединечна пратка, откако на почетокот од јули за пратките од платформите како што се водечките Temu и Shein веќе се наплаќаа по доболнителни 3 евра.

Проценката, на којашто се повикува Reuters, го покажува обемот на мерките на ЕУ против напливот од еврини пратки од електронското тргување, за кое се вели дека доаѓа претежно од Кина.

Реклама

Околу 5,8 милијарди пратки во вредност помала од 150 евра влегле во ЕУ минатата година, што е зголемување од 26 отсто во однос на претходната година, според Европската комисија. Комисијата проценува дека за повеќето од нив била посочена пониска цена од реалнаа за да се се избегнат увозните давачки.

Европската комисија одби да коментира за прогнозата за приходите, забележува Reuters.

Холандскиот европратеник Дирк Готинк, кој работи на царинските реформи на ЕУ, вели дека новата давачка од 2 евра има цел да се справи со „еден екстремно токсичен бизнис-модел на евтина, неквалитетна стока увезена преку е-трговија од Кина“.

„Новите приходи ни даваат можност и средства да ги надминеме децениите недоволно инвестирање и да им ги обезбедиме на европските царински органи ресурсите што им се потребни за ефикасно да го заштитат нашиот единствен пазар“, додава Готинк.

Реклама

Прогнозата предвидува пад на бројот пратки со ниска вредност што влегуваат во ЕУ, бидејќи Брисел очекува трговците на мало да се прилагодат на мерките.

Новата политика на ЕУ следи по слични мерки преземени од САД минатата година, со кои се отстрани увозот без царина за онлајн нарачки за справување со загриженоста за нелојалната конкуренција и небезбедните производи.

Комисијата проценува дека околу 90 отсто од собраните такси ќе одат во заедничкиот буџет на ЕУ, а 10 отсто во земјите-членки, но ова би можело да се промени доколку европските земји инсистираат на задржување поголем дел од приходите во тековните преговори за седумгодишниот буџет на Унијата за 2028-2034 година. Земјите-членки моментално задржуваат 25 отсто од овие приходи.

Кинеските групации за електронско тргување веќе почнаа да се адаптираат, наведува Reuters. Така, „AliExpress“, во сопственост на кинескиот гигант за е-трговија „Alibaba“, изјави дека го зголемува капацитетот на своите домашни магацини, но предупреди дека новите давачки наметнати од ЕУ ќе ги погодат домаќинствата со ниски приходи во Европа и „ќе ја продлабочат кризата со трошоците за живот“.

Реклама

„Temu“ им нуди на некои купувачи попуст на таксите, според снимките од екран што наводно ги виде Reuters, што го нагласува притисокот да се ограничи шокот врз потрошувачите навикнати на евтина стока.

„Shein“, кој го проширува својот магацински простор во Полска, соопшти дека има цел да остане „конкурентен“ и да понуди побрза и попогодна испорака.

Американскиот конкурент „Amazon“ соопшти дека 97 отсто од производите што ги продава во ЕУ се испорачуваат од магацини во блокот, па затоа многу малку пратки се засегнати од новите давачки.