Прескокни до содржината
Реклама

Генерацијата зет ја тресе Европа – протестите се шират, Холандија е следна

Генерацијата зет ја тресе Европа – протестите се шират, Холандија е следна
Фото: Нетпрес

Протестното движење на Генерацијата З се шири низ Европа, а по демонстрациите во Германија, Франција, Швајцарија, Албанија и Португалија, протести за наредниот викенд се најавуваат и во Холандија. Младите бараат подобри услови за живот, образование и социјална правда.

Холандскиот министер за внатрешни работи, Питер Херма, предупреди на загрижувачки повици за насилство и вандализам што се шират преку интернет и чет-групите на младите. Протести се очекуваат во повеќе холандски градови, но засега нема официјални информации за конкретните локации и бројот на потенцијалните учесници.

Меѓу главните причини за незадоволството се зголемените трошоци за живот, условите во образованието, социјалната правда, полициското насилство и заштитата на климата.

Викендов младите во Германија протестираа во 34 градови, на собири организирани од групата „Генерација Зет решава“. Во текот на неделата дојде до ескалација на насилството, при што беа регистрирани грабежи и фрлање молотови коктели кон полицијата. Германската полиција соопшти дека биле уапсени повеќе од 200 лица.

Најсериозни инциденти биле регистрирани во Франкфурт, каде што демонстранти влегувале во продавници и краделе, како и во Келн, каде што кон полицијата биле фрлани шишиња. Во Берлин биле повредени 30 полицајци, а уапсени 56 демонстранти. Во Хамбург, каде што протестирале околу 6.700 лица, дел од демонстрантите запалиле бариери, по што полицијата употребила водени топови. Биле уапсени околу 120 лица.

Насилните демонстрации продолжиле и во Франција. Според проценките, на протестите во 30 градови учествувале до половина милион луѓе. Во Париз, Лион, Бордо, Марсеј, Лил и Тулуз полицијата употребила солзавец, спреј и водени топови, а низ земјата биле уапсени 565 демонстранти.

Протести имало и во Албанија, каде што меѓу главните барања е оставка на премиерот Еди Рама. Полицијата викендов спречила демонстранти да влезат во зградата на Владата.

Во Швајцарија дошло до судири со полицијата, особено во Базел и Цирих. Во меѓувреме, во Португалија илјадници луѓе марширале барајќи попристапни станови, најавувајќи дека ќе продолжат сè додека не се обезбеди поголема достапност на становите.

Масовни апсења во Лондон: над 300 приведени поради поддршка на пропалестинска организација

Масовни апсења во Лондон: над 300 приведени поради поддршка на пропалестинска организација
Фото: МКД.мк

Повеќе од 300 луѓе беа уапсени за време на протестот за поддршка на организацијата Палестинска акција (Palestine Action), одржан пред Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Лондон, соопшти полицијата.

Оваа организација е забранета во Велика Британија.

Стотици демонстранти вчера се собраа во лондонската населба Најн Елмс, а многумина носеа транспаренти со пораки како „Се противам на геноцидот, ја поддржувам Палестинска акција“.

Лондонската полиција денеска соопшти дека се уапсени вкупно 325 лица. Од нив, 320 беа приведени поради „изразување поддршка на организација забранета според Законот за тероризам“, наведе полицијата на социјалните мрежи.

Во врска со оваа организација досега се уапсени најмалку 4.000 луѓе. Палестинска акција е забранета од јули 2025 година.

Врховниот суд на Обединетото Кралство треба да ја разгледа забраната на организацијата според антитерористичкото законодавство, откако на еден од нејзините соосновачи му беше одобрено право на жалба. Министерството за внатрешни работи соопшти дека решително ќе се спротивстави на жалбата.

Полицајците продолжија со апсењата и во текот на вчерашната вечер, спроведувајќи ги приведените до полициските комбиња, додека дел од демонстрантите аплаудираа.

Некои од собраните извикуваа „Слободна Палестина“.

Во одредени случаи полицајците мораа на раце да ги носат демонстрантите што одбиваа да одат, пренесува Би-би-си.

ЈОРСМ поведе истражна постапка за четирите лица соизвршители на разбојништва, при што со умисла беа лишени од живот две лица

ЈОРСМ поведе истражна постапка за четирите лица соизвршители на разбојништва, при што со умисла беа лишени од живот две лица
Фото: МКД.мк

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Со оглед на тоа што жртвите при разбојништвата со умисла биле лишени од живот, истрагата е поведена за тежок облик на кривичното дело, за кој е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор – соопшти ЈОРСМ.

Во првиот настан, во раните утрински часови на 22 октомври, насилно влегле во куќа во Хром, сопственикот го врзале за рацете и нозете, почнале да го удираат по главата и телото и го задушиле со перница. Потоа пребарувале и претурале низ куќата, од каде одзеле пари и златен накит во вкупна вредност од 300.000 денари.

Истиот ден во попладневните часови, еден од осомничените ги зел останатите со неговотo возило и ги однел до златарница во Старата скопска чаршија каде го продале златото за износ од 2.840 евра.

Ноќта меѓу 26 и 27 октомври осомничените влегле во куќа во Ѓорче Петров, каде со употреба на физичка сила ја нападнале сопственичката, почнале да ја удираат по главата и телото, и ги врзале рацете, нозете и устатата и ја внеле во купатилото.

Жртвата починала од ударите, а тие од куќата одзеле пари, накит и вредни предмети, во вкупна вредност од околу 200.000 денари. На сличен начин како и првиот пат, украдениот златен накит го продале.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

Кривичниот суд претходно денеска потврди дека на лицата им е продолжен притворот за 30 дена на предлог на обвинителството.

ЗНАМ со порака за правосудниот испит: Јазичните права мора да бидат во рамките на Уставот

ЗНАМ со порака за правосудниот испит: Јазичните права мора да бидат во рамките на Уставот
Фото: МКД.мк

Движењето ЗНАМ остро ги осуди нападите врз претседателот Максим Димитриевски, оценувајќи дека зад нив стојат обиди за наметнување политички наративи и етнички агенди кои, според партијата, ги доведуваат во прашање унитарниот карактер и уставниот поредок на државата.

Од ЗНАМ реагираат дека политичките барања и етничките агенди не смеат да се претставуваат како борба за граѓански права, ниту, како што велат, да се релативизираат темелните вредности врз кои почива македонската државност.

„Граѓанските права се универзални и еднакви за сите, но тие не смеат да бидат параван за политички проекти што ја доведуваат во прашање унитарноста, функционалноста и суверенитетот на државата“, наведуваат од партијата.

Во реакцијата се осврнуваат и на актуелните барања правосудниот испит да може да се полага на албански јазик. Од ЗНАМ велат дека ги почитуваат јазичните права на сите граѓани, но нагласуваат дека нивното остварување мора да биде во согласност со Уставот и законите.

Својот став го темелат на четири правни аргументи. Првиот се однесува на членот 7 од Уставот, со кој македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се утврдени како службен јазик на целата територија на државата и во меѓународните односи, додека употребата на друг службен јазик е уредена со посебни уставни и законски одредби.

Како втор аргумент ја посочуваат оценката на Венецијанската комисија од декември 2019 година за Законот за употреба на јазиците. Според ЗНАМ, Комисијата изнела сериозни забелешки за одредени законски решенија, особено во делот на нивната примена во правосудството, укажувајќи на можни ризици за ефикасноста на судските постапки и правото на правично судење.

Третиот аргумент се однесува на посебните закони со кои се уредуваат правосудните професии. Од партијата наведуваат дека Законот за судовите, Законот за јавното обвинителство, Законот за адвокатурата, Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Законот за извршување и Законот за нотаријатот содржат услови поврзани со познавањето на македонскиот јазик.

„Познавањето на македонскиот јазик не е формалност, туку составен дел од професионалната подготвеност и предуслов за законито и ефикасно функционирање на правосудството“, се наведува во реакцијата.

Четвртиот аргумент се однесува на Законот за правосудниот испит и Законот за употреба на јазиците. Од ЗНАМ посочуваат дека во постојната нормативна рамка не е уредена можноста правосудниот испит да се полага на друг јазик освен на македонскиот.

Притоа, прават разлика меѓу правото на употреба на службен јазик во постапките пред институциите и полагањето професионален испит на тој јазик, оценувајќи дека станува збор за прашања со различна правна природа.

Според партијата, секое евентуално поинакво решение мора да има јасна уставна и законска основа, да биде усогласено со прописите што го уредуваат правосудниот систем и да обезбеди еднакви правила и правна сигурност за сите кандидати.

Од ЗНАМ порачуваат дека нема да прифатат политички притисоци и обиди преку селективно толкување на законите да се наметнуваат решенија за кои сметаат дека го поткопуваат уставниот поредок.

„Нашата визија е држава на еднакви граѓани, со функционални институции, владеење на правото и јасна европска перспектива. Држава во која правата на секој граѓанин се почитуваат, но и обврските се еднакви за сите“, наведуваат од партијата.

Во завршницата на реакцијата, од ЗНАМ упатуваат порака дека нема да дозволат враќање на политиките што ги поврзуваат со етнички поделби и политички пазарења.

„Реприза на ДУИ-ленд нема да дозволиме. Тоа време заврши! Македонија не смее повторно да се враќа назад, ниту да биде заложник на политиките што со години ја држеа во место. Работиме и се залагаме да изградиме ново поглавје – поглавје на стабилност, одговорност, европски вредности и напредок. Затоа што нашата иднина е европска, нашата држава е унитарна и нашата обврска е Македонија“, порачуваат од ЗНАМ.

Вардар убедливо го порази Пелистер во дербито на колото

Вардар убедливо го порази Пелистер во дербито на колото
Фото: МКД.мк

Ракометарите на Вардар, убедливо го совладаа Еурофарм Пелистер со 31:23 (15:12), во дербито од 11-то коло во домашното првенство. Во дербито тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, целосно тактички го надигра својот поранешен тренер и учител, Лино Червар.

Вардар, носен од навивачите во „Јане Сандански“, подобро влезе во натпреварот, стекна предност од три гола (5:2), потоа и 8:5, но Пелистер не дозволи предноста на домаќинот да расте.

Успеаја Битолчани да се доближат и на гол негатива, не успеаја да изедначат, а Вардар во финишот одигра подобро и ја врати максималната разлика.

Вториот дел започна изедначено, а Вардар се покажа клучната предност ја изгради во периодот од 37-та до 39-та минута. Во тој период, при предност од три гола, Атанасијевиќ промаши зицер, црвено-црните постигнаа гол, а во следниот напад Атанасијевиќ лесно продаде топка, по што предноста на Вардар изнесуваше пет гола.

Од тој шок Битолчани не се оправија.

Љевар со седум и Да Силва со шест гола беа најефикасни кај Вардар. Се истакна и голманот Гогов со шест одбрани и два постигнати гола. Вообичаено кај Пелистер се издвои едно име, капитенот Кузмановски, постигна девет гола.

Арсенал по 14 години победи на „Енфилд“ – Хаверц го реши дербито

Арсенал по 14 години победи на „Енфилд“ – Хаверц го реши дербито
Фото: EPA

Фудбалерите на Арсенал го победија Ливерпул на „Енфилд“ со 0:1 во деветотот коло од Премиер лигата. Ова е прва победа за Микел Артета како менаџер на Арсенал на „Енфилд“ и прва победа на „топџиите“ во Ливерпул по пауза од 14 години.

Арсенал во раната фаза од натпреварот постигна гол, во 16-та минута, кога центаршутот на Рајс, на втората статива го чекаше и во гол го претвори Хаверц. Потоа квалитетната одбрана на Арсенал успеа да одолее на сите напади на Ливерпул.

Ливерпул реагираше на водството на гостите, играше порешително, но сепак беше под притисок од „топџиите“. Напаѓачот на „црвените“, Александар Исак, имаше гол шанси во19-тата и 28-мата минута, додека ударот на Рајс кон првата статива во 25-тата минута беше блокиран од неговиот соиграч Јуриен Тимбер.

Домашниот тим побара пенал во 30-тата минута, имаше контакт по борбата за топката по центаршутот, а во продолжението од акцијата имаше контакт помеѓу Гакпо и Христос Цолис во шеснаесетникот на Арсенал.

Играчите, тренерите и навивачите на Ливерпул протестираа, но пеналот не беше досуден – исто како кога, не долго потоа, десниот бек на гостите, Тимбер го повлече Исак.

Ливерпул продолжи да притиска врз противникот, како што правеше речиси постојано откако го прими голот. Флоријан Вирц речиси го израмни резултатот во 40-тата минута, кога ја затресе пречката од слободен удар.

Ливерпул беше подобар откако се врати од паузата, но во почетната фаза од второто полувреме не успеаја да создадат чиста шанса. Вирц го имаше најдобриот шут по контранападот во 65-тата минута, но неговиот удар беше блокиран.

По долг период во кој беше во подредена позиција, Арсенал почна почесто да се заканува. Контранападот во 68-мата минута го спречи Жаке, со интервенција пред Одегард, а во 73-тата минута, Цолис упати одличен удар, но Алисон извонредоно реагираше.

Раја повторно се истакна во 77-мата минута, кога го одбрани ударот на Роналд Араухо од блиску.

Виктор Муњоз ја имаше последната шанса за Ливерпул, шутираше од десно, но го промаши голот на Арсенал во 90-тата минута.

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
Фото: Опсервер

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на гласачите до 18:30 часот на изборите за градоначалник во Брвеница е 52,90 отсто односно дека гласаче 8.595 избирачи.

– Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52,90 %. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8,33 % – соопштија од ДИК.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18:30 часот се пристигнати три приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Гласачките места во Брвеница се затворени во 19 часот. Се гласаше за кандидатот Стојанче Радичевски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Аркин Јахији од ДУИ.

Се очекува по 20 часот ДИК да ги соопшти првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Динамо Загреб го отпушти тренерот

Динамо Загреб го отпушти тренерот
Фото: Опсервер

Марио Ковачевиќ повеќе не е тренер на Динамо Загреб. Му пресуди поразот против Рудеш (1:0), па затоа ќе ги напушти „сините“ по 17 месеци.

Клубот водеше во 73 натпревари, забележа 48 победи, 11 нерешени и 14 порази.

Минатата сезона, тој му донесе „двојна круна“ на тимот од Загреб.

Дотогаш, тимот ќе го води Јерко Леко, тренерот на Б-тимот на „сините“.

Тој ќе биде на клупата во натпреварите против Сандерленд и Вараждин.

Овој 51-годишник пред Динамо водеше неколку хрватски клубови, последниот во серијата беше Славен Белупо до 2025 година.

Како можен тренер на Динамо се споменува, поранешниот играќ на Барселона, сега тренер во Ла Масија, Бразилецот, Жулијано Белети.

„Тројката“ на Реал во Сантандер

„Тројката“ на Реал во Сантандер
Фото: EPA

Фудбалерите на Реал Мадрид победија во Сантандер, кај Расинг со 3:0 во 11-то коло од Ла Лига.

И овој натпревар на Реал, по сè што се беше видено, ќе биде под лупа на јавноста. Иако малкумина можат да ја оспорат победата на Реал Мадрид, ќе има и такви кои ќе го оспорат пеналот досуден за гостите во 11-та минута.

Тогаш Мбапе, се чини, падна премногу театрално во шеснаесетникот на Расинг. Дефанзивецот на домашниот тим отиде кон Французинот со раката, но не изгледаше дека го собори напаѓачот на Реал со тој потег.

Мбапе сепак го натера судијата да повреува дека имало недозволен контакт.

Набрзо, Мбапе го реализира пеналот. Предноста на Реал беше удвоена од Белингам, по асистенција на Гулер во 21-та минута, а кога Диоманде го постигна третиот гол во 36-та минута, на сите на стадионот им беше јасно дека натпреварот е решен.

Во продолжението се случи уште еден спорен момент по кој судијата повторно донесе одлука на штета на Расинг. Чуамени, имено, играше со рака во својот шеснаесетник, беше во дуел со противнички играч, и се чинеше дека Расинг ќе успее да го пробие ѕидот на тимот на Мурињо од пенал.

Сепак, ВАР интервенираше, следеше преглед на спорната ситуација и одлуката беше променета – тимот од Сантандер не доби пенал.

Со победата, Реал повторно се приближи до Барселона само за три бода.

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску
Фото: Опсервер

Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио изнесоа различни процени за можноста за скорешен крај на војната во Украина. Додека Трамп изрази оптимизам дека договорот е на дофат, Рубио порача дека сè уште не е сигурен дали мирот може да се постигне преку преговори.

На самитот на министрите за надворешни работи на Г20 во Атланта, Рубио изјави дека САД продолжуваат да проверуваат дали постои простор за договор, но нагласи дека никој не тврди оти мировното решение е на чекор. Тој додаде дека се надева оти напредокот е близу, но дека засега не може да го потврди тоа.

Неговата изјава следуваше неколку часа по пораката на Трамп, кој во разговор со конзервативниот блогер Бени Џонсон рече дека верува оти постои голема можност за постигнување договор. Според американскиот претседател, непријателството меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин досега било една од главните пречки за напредок.

Трамп претходно беше споменуван и како можен домаќин на средба меѓу претставници на Русија и Украина на самитот на Г20 во декември. Зеленски изјави дека е подготвен за директен разговор со Путин доколку рускиот претседател присуствува на собирот, но неговото доаѓање засега не е потврдено.

За почетокот на ноември е најавена и прва средба на делегациите на Украина, Русија и САД по зимата.

Во меѓувреме, високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, го обвини рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за лажење на самитот на Г20, оценувајќи дека Москва не е подготвена за сериозни мировни преговори.