Маск: „Моите вселенски ласери за местење избори овој пат не проработеа“

Илон Маск реагираше саркастично на победата на демократите во САД, пишувајќи дека неговите „вселенски ласери за местење избори“ не проработеле.

7
Маск: „Моите вселенски ласери за местење избори овој пат не проработеа“ (Опсервер)
Фото: Опсервер

По победата на демократите на изборите во САД, Илон Маск со саркастична порака на социјалната мрежа Икс коментираше дека неговите наводни „вселенски ласери за местење избори“ не биле ефикасни.

Милијардерот Илон Маск, еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати, се огласи на социјалната мрежа Икс веднаш по објавувањето на резултатите од изборите за Конгресот на 3 ноември 2026.

Реклама

„Дата центри во вселената изгледаат прилично привлечно во моментов“, напиша тој, додавајќи: „Изгледа дека моите ласери во вселената за местење избори овој пат не проработеа“.

Демократите освоија мнозинство во Претставничкиот дом со најмалку 219 места и во Сенатот со најмалку 51 место. Особено значајна беше победата во Тексас, каде демократот Џејмс Таларико го победи републиканецот Кен Пакстон, кој ја имаше поддршката на претседателот Доналд Трамп. Таларико стана првиот демократ избран во Сенатот од таа држава по 1988 година.

За време на кампањата, Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на републиканците, со најголема инвестиција токму во трката во Тексас.