Белата куќа: Трамп и понатаму е претседател на САД

Белата куќа порача дека Доналд Трамп останува претседател на САД, по изборите на средина на мандатот на кои демократите, според проекции, освоија мнозинство во Конгресот.

4
Белата куќа: Трамп и понатаму е претседател на САД (EPA-EFE)
Фото: EPA-EFE

Белата куќа порача дека Доналд Трамп и понатаму е претседател на Соединетите Американски Држави, по изборите на средина на мандатот на кои демократите, според изборните проекции, освоија мнозинство во двата дома на Конгресот.

Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, претходно ја упати истата порака, нагласувајќи дека Трамп останува претседател на САД.

Реклама

Според објавените изборни проекции, демократите освоиле 229 места во Претставничкиот дом, додека републиканците 163. Во Сенатот, демократските кандидати освоиле 54 места, наспроти 43 за републиканците.

Во изборите за гувернери, демократските кандидати победиле во 26 американски сојузни држави, а републиканците во 20.