Како што расте империјата на Apple, расте и бројот на лојални следбеници, па многумина се прашуваат каде е крајот на овој феномен. Еден од оние кои си го поставуваат ова прашање е Ливиу Тудоран, студент по транспортен дизај. Тој гледа иднина во која љубителите на Apple ќе се гордеат не со својот MacBook, iPod, iPhone или iPad, туку со новиот iMove.

Со изглед кој потсетува на класичната Буба, концептот за iMove е електричен автомобил со три седишта. Тудоран го замислил ова возило како градски транспортер опремен со голем број високотехнолошки елементи, како монитор осетлив на допир кој ќе биде замена за традиционалната контролна табла. Автомобилот ќе биде опремен со ремени кои ќе овозможуваат носење на багаж на надворешноста на возилото, како и покрив кој целосно ќе може да се отстрани.