Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата

Од 15 ноември 2026 година до 15 март 2027 година задолжително е поседување зимска опрема во возилата, со казна од 45 евра за непочитување на условите.

3
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Од 15 ноември 2026 година до 15 март 2027 година важи законска обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, при што возачите кои нема да ги исполнат условите ќе се соочат со парична казна од 45 евра во денарска противвредност.

За патничките возила со најголема дозволена маса до 3.500 килограми предвидени се две можности за исполнување на обврската: користење зимски пневматици на сите четири тркала со длабочина на шарата од најмалку четири милиметри, или возење со летни пневматици со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, но задолжително со синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала.

Реклама

Министерството за внатрешни работи потсетува дека зимските пневматици се препознатливи по ознаката „MS“, „M+S“, „M & S“ и знакот на снегулка на стилизирана планина со три врва, додека поставувањето на пневматици со клинци е забрането во патниот сообраќај.

Надлежните апелираат до возачите да се придржуваат кон пропишаните услови, бидејќи зимската опрема е важна не само за избегнување казни, туку пред сè за безбедноста на патиштата во услови на ниски температури, дожд и снег.