
Најниска утринска температура од 6 степени е измерена на Попова Шапка, а највисока од 14 степени во Битола, соопшти УХМР.
Според мерењата на УХМР, во Битола се измерени 14 степени, а на Попова Шапка 6.
Температура од 7 степени е измерена во Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка и Прилеп, а 8 степени во Скопје – Петровец, Тетово, Штип, Берово, Маврови Анови и Лазарополе. Во Велес, Виница, Струмица, Гевгелија и Крушево биле измерени 9 степени, во Кавадарци 11, во Охрид и Претор 12, а во Демир Капија 13 степени.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Лазарополе и на Попова Шапка, по 10 литри на квадратен метар. Во Пожаране се измерени 6 литри, во Охрид 4, а по еден литар на квадратен метар во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Крива Паланка и Крушево.







