Латвија и Литванија повикаа на засолниште поради неидентификувани дронови

Латвија и Литванија ги повикаа жителите во неколку региони да побараат засолниште поради неидентификувани беспилотни летала во нивниот воздушен простор. Поради заканата беа активирани борбени авиони на НАТО.

16
Латвија и Литванија повикаа на засолниште поради неидентификувани дронови (Опсервер)
Фото: Опсервер

Литванскиот Национален центар за управување со кризи издал предупредување што ги опфатило Каунас, вториот по големина град во земјата со околу 300.000 жители. Во областите Вилнус и Утена било прогласено жолто ниво на тревога, а жителите биле повикани да најдат безбедно место и да не им приоѓаат на сомнителни предмети.

Аеродромот во Каунас привремено ги прекинал сите летови. Латвиските власти предупредија за потенцијална закана во воздушниот простор над општините Јекабпилс и Мадона, а подоцна соопштија дека заканата во општината Мадона е отстранета.

Реклама

Според објавените информации, нема извештаи за повредени. Финските одбранбени сили воведоа привремени ограничувања на воздушниот и морскиот сообраќај во источниот дел на Финскиот Залив, наведувајќи дека мерката е превентивна и треба да овозможи одговор на можни закани од беспилотни летала.

Потеклото на беспилотните летала не е потврдено. Русија ја обвинува Украина дека го користи воздушниот простор на сојузниците од НАТО за напади, додека Киев наведува дека дел од неговите дронови отстапуваат од планираните рути поради руско попречување на сигналите.