
Сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп ќе прими претставници на Русија и Украина во Белата куќа, соопштија од Вашингтон.
Во соопштението не се наведени детали за составот на делегациите ниту за конкретните теми на состанокот, но Меланија Трамп треба да даде изјава за настанот на 4 ноември наутро.
Оваа иницијатива следува по хуманитарното примирје во окупираниот дел од украинскиот Херсонски регион, кое, според Вашингтон, било договорено на иницијатива на Меланија Трамп. Примирјето овозможи евакуација на дел од жителите на градот Алјошки, кој се наоѓа десет километри југоисточно од Херсон и е под руска контрола, а каде што се соочува со недостиг од храна и лекови.
Истовремено, Русија продолжи со бомбардирањето на тој регион на југот на Украина, пренесува агенцијата Франс прес. Преговорите меѓу Киев и Москва, со американско посредништво во обид да се стави крај на речиси петгодишниот конфликт, треба да продолжат за една недела во Обединетите Арапски Емирати.



