
Посетата ќе се реализира од 10 до 13 ноември 2026 година, а во составот на делегацијата е и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
На конференцијата светски лидери, владини претставници и меѓународни организации ќе разговараат за климатските предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.
Фокусот е ставен на забрзување на намалувањето на емисиите на гасови со стаклена градина, климатското финансирање, справувањето со екстремните временски појави и претворањето на претходните климатски обврски во конкретни и мерливи активности.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека учеството на Хоџа е можност за афирмирање на државните приоритети во областа на животната средина и климатските политики, размена на искуства и унапредување на соработката со меѓународните партнери во насока на забрзување на зелениот пресврт и исполнување на климатските цели.



