Утре променливо облачно, во западните делови услови за слаб дожд

Утре ќе биде променливо облачно, со можност за слаби врнежи во западните делови и температури од 5 до 19 степени.

9
Утре променливо облачно, во западните делови услови за слаб дожд (Опсервер)
Фото: Опсервер

На 11 ноември времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во западните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне од 14 до 19 степени.

Минималната температура ќе биде од 5 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Реклама

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од 10 до 17 степени.

До почетокот на следната седмица ќе има променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд. Од сабота температурите ќе опаѓаат поради продор на постудена воздушна маса од север. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во петок тој ќе биде силен, повремено многу силен, од јужен правец.