Дејан Николовски е избран за нов претседател на Онлајнмедиа.мк

Дејан Николовски е избран за нов претседател на Онлајнмедиа.мк, а членовите ги договориле следните активности на здружението.

0
Дејан Николовски е избран за нов претседател на Онлајнмедиа.мк (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Дејан Николовски, главен и одговорен уредник на Нетпрес.мк, е избран за нов претседател на здружението на професионалните онлајн-медиуми Онлајнмедиа.мк. Одлуката била едногласна на годишното Собрание на здружението.

Членовите на здружението му се заблагодарија на Владимир Кошевалиски за неговиот ангажман како досегашен претседател.

На годишното Собрание се договориле за следните активности во врска со измените во Изборниот законик, продолжувањето на преговорите со Владата за субвенционирање на медиумите, регулацијата на маркетинг-буџетите и регистарот на порталите во АВМУ.