Марк Бојл е поранешен бизнисмен кој веќе една година живее без никакви финансиски средства. Тој вели дека тоа што се откажал од својата работа, од сè што поседува и парите за да живее во стара ‘рѓосана приколка била најдобрата одлука во неговиот живот.
Марк Бојл е поранешен бизнисмен кој веќе една година живее без никакви финансиски средства. Тој вели дека тоа што се откажал од својата работа, од сè што поседува и парите за да живее во стара ‘рѓосана приколка била најдобрата одлука во неговиот живот.
Овој 30-годишнен дипломиран економист планира да продолжи со ваквиот начин на живот додавајќи „Беше фантастично. Порано никогаш не бев комплетно свесен за тоа колку стрес и грижи ми носеа парите во мојот живот се додека не се ослободив од нив.“
„Луѓето често ме прашуваат дали ми недостасува стариот живот… стресот, сообраќајниот метеж, банките, сметките… зошто би ми недостасувало сето тоа? Сега кога го искусив животот без пари никогаш веќе не сакам да се вратам назад и да живеам како што живеев порано.“
Бојл раскажува дека преживува така што одгледува зеленчук на своето парче земја од еден акар, собира печурки и други плодови и храната која се фрла во супермаркетите и рестораните. За миење на забите користи коска од сипа која ја наоѓа на плажата заедно со семки од анасон, а во „тоалет“ користи стари весници.
Бојл сепак признава дека ваквиот начин на живот има и последици. Тој морал да раскине со својата девојка. Таа го подржувала неговиот нов начин на живот, но Бојл не сакал таа да поминува низ сето тоа со него. „Тоа беше тешка одлука, но сакам да започнам заеднички живот со некој кој ќе се посвети на ова исто така.“
Бојл решил да се откаже од сè што поседува и да ги потроши последните 350 фунти на инсталирање соларни плочи на неговата приколка за да може да го користи својот лаптоп откако гледал филм за Ганди. Тогаш тој сфатил дека најчесно е да се откажи од парите и да и се врати на природата, па затоа подарил сè што поседувал.
Неговата филозофија е дека во следните 20 години луѓето ќе мора да станат свесни за тоа што го конзумираат и како живеат и дека неговите приоритети се да ги пре-употреби нештата кои ги фрлаат луѓето и така да изгради одржива инфраструктура за иднината. Бојл, кој е веган, сега планира да го промовира Freeconomy движењето преку неговиот блог и да организира работилници преку кои ќе ги подучува луѓето како да живеат умерено.
Од неговото искуство произлезе и книга за која вели „Иронично, ми рекоа дека ќе заработам многу пари од неа. Но што ќе правам со нив? Дали треба да се откажам од нив? Дали ќе треба да отворам сметка во банка? Тоа ме загрижува.“
[Former businessman lives on no money for a year]
[He finds clothes in the bin and grows his own food: Meet the man who has spent NOTHING for a year]