Во Центар отстранети 143 непрописно паркирани возила за една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар со помош на „Пајак“ отстрани 143 непрописно паркирани возила за една недела.

2
Во Центар отстранети 143 непрописно паркирани возила за една недела (Опсервер)
Фото: Опсервер

ЈП Паркинзи на Општина Центар со помош на специјалните возила „Пајак“ отстрани 143 непрописно паркирани возила во периодот од 1 до 8 ноември 2026 година.

Возилата биле отстранети бидејќи го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Реклама

Од претпријатието најавија дека и во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на непрописно и несовесно паркираните автомобили во Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ посочуваат дека за намалување на сообраќајниот метеж и надминување на проблемот со неправилното паркирање е неопходно подигнување на сообраќајната култура и свеста кај граѓаните.