Во Скопје засадени 3.500 садници, планирани 6.000 до крајот на сезоната

Во Скопје се засадени 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната се планирани вкупно 6.000 низ парковите, булеварите и јавните простори.

6
Ѓорѓиевски најави две нови училишта и целосна реализација на подземната сообраќајница
Фото: kallerna, Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Во Скопје се засадени 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната се планира да бидат засадени вкупно 6.000. Акцијата ќе ги опфати парковите, зелените површини покрај булеварите и јавните простори низ градот.

Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски соопшти дека садењето ќе продолжи во постојните паркови, во новите паркови што се подигнуваат, како и на зелените површини долж булеварите и во јавните простори.

Реклама

Тој наведе дека активностите се планирани во сите општини и маала во градот, со цел Скопје да добие повеќе дрвја, паркови и зелени површини.

Ѓорѓиевски истакна дека зелено и чисто Скопје останува еден од неговите приоритети.